Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. Љубојно
Наслов
Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. Љубојно
Опис
Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. На околу 1 км северно од селото се издига висок рид кој доминира над околниот терен. На зарамнетото плато јасно се распознаваат темели од одбранбен бедем, а на површината има грамади од градежен камен, тули и варов малтер. Остатоците од ѕидовите на тврдината биле оштетени во периодот 1936-1940 година кога селаните масовно ваделе камен за изградба на своите куќи. Во нивата на Л. Пашаликовски биле откопани гробови со конструкции од камени плочи во кои имало керамички садови.
Тип
археолошки наод
Просторно покривање
Љубојно
Временско покривање
доцноантичко време
Колекција
Цитирање
“Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. Љубојно,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/87.