Метилец. Населба од доцнохеленистичкото време. Наколец
Наслов
Метилец. Населба од доцнохеленистичкото време. Наколец
Опис
Метилец. Населба од доцнохеленистичкото време. Покрај езерскиот брег помеѓу селата Наколец и Штрбово, на простор од околу 33 х 100 m се забележуваат остатоци од темели на градби градени од монолитни камења и фрагменти од керамички садови. Наодите се слични на остатоците од објектите откриени во 1989 година со повлекувањето на езерската вода, и тоа на повеќе места на преспанското крајбрежје.
Тип
археолошки наод
Просторно покривање
Наколец
Временско покривање
доцнохеленистичко време
Колекција
Цитирање
“Метилец. Населба од доцнохеленистичкото време. Наколец,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/93.