Избери говорник | Гордана Јанкулоска, Михајло Маневски | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: судски местенки | |
Гордана Јанкуловска: Сакав една консултација со тебе. Ми пишала Лина, знаеш од Судски совет, за тој проблемот што го имаше со брат и. Што може да се направи? Пошто тогаш се јавивме нели, помина како што треба на Апелација. Сега она имала сознанија дека на Врховен има веќе донесена одлука негативна. Михајло Маневски: Абе, тоа го средија Трајко и Јово. Значи, толку е запнат тој Трајко. Таа ни е џокер. Без неа не можеме да избереме ни да разрешиме. Вчера разговарав со Трајко. Тој пред, уште малку замери. Гордана Јанкуловска: Да де Михајло Маневски: Ама, викам чекај бе човече. Што си фатил толку за човекот? Па тој не е ни тука, отиде за Америка. Четири години ќе биде таму. Што сега? А знаеш ли колку ќе ни биде важна. Трајко бе? Не, јас не го примам него, он ми барал пари. Аман бе, поголема е оваа работа отколку она што ти го... Сега тераш некој инает таму, а поголемите интереси ги запоставуваш. Еве, сега ќе бираме претседател на Врховен суд, како сега да ја убедувам? У вторник. Гордана Јанкуловска: Да, да, да Михајло Маневски: Не знам да ти кажам и некни ми се јави. Трајко абе што толку запна со тој човек? Па бшка не е тука... отиде таму човекот... не знам, овде направи многу проблем човекот. И тоа преку ред го зеле, ревизијата преку ред ја зеле, со Јово ја уредиле работата и ги укинале двете пресуди и ги вратиле на повторно разгледување. Толку направиле, значи страшно ни направија проблем. Неверојатен проблем ми направија! Гордана Јанкуловска: Значи, џабе да му вртам на Јово кога... Михајло Маневски: Кога он го направи тоа со Трајко. Џабе ќе му вртиш. Ништо. Сега ние ќе ја убедуваме. Има она некоја ќерка, па бара она да ја примиме како приправник. Гордана Јанкуловска: Нема проблем за тоа! Михајло Маневски: Ама, знам дека ќе има. Ајде сега еве пак да и ветиме. Ај ние ќе ја истераме и на првостепен и на второстепен... Гордана Јанкуловска: Ќе истераме до Апелација. Ништо. Тогаш ич. Глеам ја сабајле ми пишала, ама прво сакав да те чујам пред да и се јавам. Штом е така, ништо, ќе и кажам дека не можам со Јово. Михајло Маневски: Знае она, знае од каде дува ветерот. Знае она, знае. Гордана Јанкуловска: А после тоа и Премиерот ако треба ќе го замолиме да збори со Јово. Михајло Маневски: Па, ние ќе ја тераме сега првостепен... Гордана Јанкуловска: А бе, еднаш и он збореше у мое присуство и у твое кога му рече на Трајко и на Јово! Михајло Маневски: Не знам на луѓево што им е! Не знам што им е! Ем му кажувам: слушај таа жена ни е џокер. Без неа немаме избор, немаме разрешување. И сега што да му кажам? Гордана Јанкуловска: И за него треба да го бирате сега у понеделник. Не, сериозно! Треба ти да му кажеш: сега иди ти договори! Михајло Маневски: Му реков некни. Сега виде како ќе избереме?! Не, нејќе да чуе. Не знам зошто толку, што му направил човекот? Толку ли има отпор против тој човек? Ај направил, направил, отишол сега 3 години го нема тука, здраво. Заради интересот што го имаме поголем, знаеш. Гордана Јанкуловска: За 4 години може и ние на друго место ќе бидеме. Михајло Маневски: Така е... Овој ни е поголем интерес. Да имаме таму 10 души отколку да ни фали оваа Лина. Гордана Јанкуловска: Ништо тогаш со Лина... Михајло Маневски: Ти разговарај со неа. И јас ќе разговарам. Гордана Јанкуловска: Јас ќе разговарам, нема проблем ама мене ми беше да и ја завршиме работата. Михајло Маневски: И мене ми беше. Ние и ја завршивме работата, ама Трајко се налути. Еве, вика ти си интервенирал во Апелација да се потврди. Гордана Јанкуловска: Па и јас интервенирав, па и ти. Михајло Маневски: Па и тој Трајко толку ли не ја разбира ситуацијава. Гордана Јанкуловска: Се прави ко да не знае. Михајло Маневски: Не знае колку ни е тежок проблемот. Тоа ми е страшен проблем. Гордана Јанкуловска: Ќе се јавам на Лина. Михајло Маневски: Ќе и ветиме дека пак ќе се заложиме да се среди ова на првостепен и второстепен суд. Гордана Јанкуловска: Да де. Михајло Маневски: А понатаму овие треба да се стегнат. Гордана Јанкуловска: Уште еден со нив. Па што да правиме... друго немаме. Излез чаре немаме друго. Михајло Маневски: Во вторник без неа имаме 9, а сега и ако она ни удри контра, 8 ќе имаме. Нема избор на претседател. Гордана Јанкуловска: Нека види Јово што одлука донесе. Михајло Маневски: Ни удираат клипови нашите... место да ни помогнат. |