Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер (1)
ГЈ: Да, ало?
МП: Горде?
ГЈ: Кажи?
МП: Еј, а бе сега му пишав и на Сашо, демек некои пет автобуси тргнале од Прилеп.
ГЈ: Е ако де.
МП: Комуњариве ги организираат за протест.
ГЈ: Е ако де, не е проблем нека тераат.
МП: Технички преглед бе.
ГЈ: Де бе што се секираш, ќе си ги средиме ние.
МП: Добро, добро.
ГЈ: Океј, ајде.
МП: Чао.
|