Разговор помеѓу Љупчо Тодоровски (Радник) и Мартин Протогер
ЉТ: Ало.
МП: Еј Љупчо и нема, нема полициско присуство на терен, знаеш. Добро е да има
видливо полициско присуство, по закон тоа е дозволено.
ЉТ: Сега…
МП: Овие хараат сега има огромна излезеност кај циганиве. Значи нашиве
искачаат и нивни искачаат.
ЉТ: Аха… Види му јавив на овој да бидат присутни барем уште два саати во
циганските маала да видиме кој ќе ги поттикнува на излегување.
МП: Да еј, една група ние поттикнуваме да знаеш.
ЉТ: Е ако де. Ама таму си знаат нашиве кој се.
МП: Си знаат кој се да.
ЉТ: Него му кажав за овој од комуналното ако го видат некаде да го
легитимираат, да видат кој е внатре, додека не одлучиме дал да го збереме.
МП: Добро. ОК, ОК.
ЉТ: Му јавив.
МП: Супер, супер. Добро фала ти Љупчо.
ЉТ: Пријатно ОК.
МП: Ајде чао, чао.
|