Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Гордана Јанкулоска. Сашо Мијалков
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Дали комисијата може до дојди во МВР ненајавено
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Ало.
ГЈ: Ало, што правиш Сашо?
СМ: Ништо Горде. Еве излегов малце, па на една пијачка, имам некој роденден.
ГЈ: На здравје нека ти е.
СМ: Фала.
ГЈ: Слушај, многу да не те гњавам, една консултација, последна за законов. Јас си ја фатив 
работава…
СМ: Да, добро.
ГЈ: Значи, комуњариве има шанси да прифатат. Сега и со Трајко зборевме, пошто он од една, ја од 
друга ги притискаме. Една опција, што мислам дека е океј, ама да се преслушам и со тебе. Практично 
целиот тој став кај што пишува дека Комисијата ненајавено, во полн состав може да дојде во полн 
состав во МВР, да го избришеме.
СМ: Да.
ГЈ: Тоа значи дека не е ненајавено, мора да се најават. Само да, таму има во Законот нели, надзор 
врши Комисијата формирана од Собрание, во самиот Закон има како е составена. Само да го додадеме 
тој членот од Деловникот, дека одлуката ја носи со мнозинство гласови, што и сега е така. И со тоа…
СМ: Која одлука ја носи? Одлуката за што?
ГЈ: Одлука да врши надзор над УБК.
СМ: Аха, со мнозинство гласови.
ГЈ: Ама они и сега така ја носат.
СМ: А мнозинство има кој? Ние.
ГЈ: Не, мнозинство они имаат.
СМ: А, они имаат. Добро, значи они можат да ја носат…добро
ГЈ: Да де да, ама знаеш мора да се најават.
СМ: Па не знам, дај да ја видиме целата реченица како ќе биде и да ја споредиме со тоа како е сега.
ГЈ: Сега ќе ти ја кажам, да отворам само на компјутер. Практично они, демек сега што би бил 
договорот, нели ние во тој дел им се буневме, договорот би бил они да отстапат од тоа во полн 
состав и ненајавено, ама сега да не биде ептен бламирачки, целосно да го избришеме, знаеш. Пошто 
знаеш, нема како…
СМ: Да, ама ако не пишува дека треба да се најават тоа истотака може да значи и дека не треба да 
се најават.
ГЈ: Да, ама тогаш не мораш да ги пуштиш. Како што е сега, сфаќаш? Они сега носат одлука, и те 
известуваат дека ќе вршат надзор. Ако ти дојдат ненајавени, ќе им кажеш не знам ја дека сте донеле 
таква одлука. И сега е така, како Тито што правеше. Нели му пуштил писмо…
СМ: Е…
ГЈ: ја ако му одговорам, ќе му одговорам, зависи како ќе оцениме…
СМ: А во што е промената тогаш? Зошто го менуваме тој член?
ГЈ: Е па зашто? Затоа што сме се фатиле на орото со овие, со Европска комисија.
СМ: Па не мора да го менуваме членот уоопште.
ГЈ: Е па знаеш што е работата, сега они тоа као што им е на нив оправдување, демек они сега јако 
загризаа за тој член, и јас им предложив целосно да го избришеме тој член, да го нема. Ама викаат 
ептен, ние месец дена дискутираме во Собрание за тоа и сега ептен политички неможеме да се 
оправдаме, знаеш. Сега ќе ти го прочитам како е членот.
СМ: А па кој па нив ќе ги праша нешто за они да се правдаат, жити мајка, политички?
ГЈ: А бе види…
СМ: Кој па…цела држава само за тоа збори, па они треба да се правдаат!?
ГЈ: А бе тоа се е така, ама проблемот е што нас ни требаат да го изгласаме, знаеш. Сега вика…
СМ: И добро, како ќе биде, ајде.
ГЈ: Значи сега вика: За вршење надзор од член 35, а член 35 е тој член кај што вика дека 
„Специјална комисија формирана од Собранието врши надзор, Собранието од редот на пратениците 
основа комисија составено од претседател, четири члена, заменик претседател и четири заменици 
членови.“ Тоа е постоечкиот член. „Претседателот на Комисијата од став 1 на овој член, е од редот 
на политичката партија од опозиција, што на последните избори толку и толку освоила“ – се дефинира 
најголемата опозициона партија.
СМ: Ало.
ГЈ: И сега одлуката ја носи комисијата со мнозинство гласови, така ќе биде.
СМ: Значи, тоа значи дека треба да се донесе одлука.
ГЈ: Да, одлука
СМ: Со мнозинство гласови.
ГЈ: Одлука во самата комисија.
СМ: А кога веќе ќе се донесе одлука, треба да не извести за таа одлука.
ГЈ: Да де да. Е па тоа е поентата.
СМ: Добро. И сега што е промената?
ГЈ: Е па ништо, претходно…
СМ: Ова е постоечкиот Закон што ми го кажа сега.
ГЈ: Да. А ние имаме…
СМ: А во новиот Закон што ќе има?
ГЈ: Во новиот ние, во тој основниот текст пишувавме дека Комисијата може да врши надзор без 
најава, во било кое време…
СМ: Е добро, ќе го избришеме тоа. Сега што ќе стои?
ГЈ: И тоа ќе го избришеме, и ќе остане дека Комисијата носи одлука со мнозинство, тоа е во новиот 
член.
СМ: Па и во стариот беше дека носи со мнозинство.
ГЈ: Не , у стариот тоа со мнозинството не го пишуваше во Законот, у Деловник го пишуваше.
СМ: Кога треба да им се одговори?
ГЈ: Е па сега, вечерва. Пошто утре сабајле има Комисија. Знаеш…
СМ: Вака сега Горде. Најрелевантен, најрелевантно сега овдека не можам да донесам, зошто не ја 
гледам целата реченица од стариот и целата од новиот. Но, ако ти цениш дека нема да има суштинска 
промена во таа смисла на зборот, односно во смисла на зборот дека они нема да можат да вршат 
контрола ненајавено…
ГЈ: Ненајавени нема да можат.
СМ: Тоа е. Да донесат одлука, која што ќе треба одлука нас да не известат за таа одлука…
ГЈ: Да де да.
СМ: А истовремено тоа значи дека не известуваат дека правт контрола.
ГЈ: Така, така.
СМ: У тој случај, нека иде тоа така и готово.
ГЈ: Оти знаеш што е…
СМ: Само, комуњари се комуњари. Ако успеат да се сложат, малку ми е тоа сомнително. Така да, ништо…
ГЈ: Не бе знаеш што е работата…
СМ: Отвори очи, да не се зафркнеме.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org