Избери говорник | Гордана Јанкулоска. Сашо Мијалков | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: Лица мора да се обучат за ракување со опремата од Израел | |
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков ГЈ: Ало? СМ: Е Горде, што правиш? ГЈ: Добро, еве подработувам. Па да ти кажам мирно некако, па ќе си одам порано денес. СМ: Мирно, мирно е, да. Да, да, да. А бе бев, на овој немав мрежа. Сега добив мрежа, викам да те побарам. Премиерот е на пат сега назад, знаеш. ГЈ: Па знам ја, нели ти рече… СМ: Па ќе мора да го почекаме да стигне, за да зборам. ГЈ: Знам, јас затоа и поише те потсетувам. СМ: Синоќа зборев ја, ама заборавив за тоа да зборам. ГЈ: Знам, па претпоставувам, не ти е само тоа. Знаеш да не ја утнеме, а и ја нејќам сега во Мексико да го барам за ваква работа. Претпоставувам дека ќе се чуете, да сме координирани. СМ: Јас мислам дека ќе се чуеме штом стигне у Европа. ГЈ: Да де да. СМ: И ќе му спомнам, па сега како биде-така. ГЈ: Како ќе рече-така. СМ: Али ја секако ќе пуштам сигнал. ГЈ: Да де. СМ: Ќе ти се јавам. ГЈ: Мене ми е знаеш да не ја утнеме работава. Сега цело време сме координирани за све СМ: Да. ГЈ: Мислам нема потреба. СМ: Океј, океј. ГЈ: И уште една работа, да те искористам на телефон. Нели ти и Премиерот сте збореле за вработувања нови во МВР. СМ: Да. ГЈ: За која бројка зборевте? Пошто има еден заклучок од Влада сите да си ги кажат потребите… СМ: Види, ја на Извршен, не знам дали слушна кога ја кажав бројката? Ха, ха. Беше ти. ГЈ: Ха, ха, а бе… СМ: Ја му кажам иљадарка. ГЈ: Јас ја слушнав, ама не знам дали таа реално има шанси годинава да ја реалзиираме. СМ: Па таа не, ама мора да имаме некоја нереална, за да дојдеме до некоја реална. ГЈ: Јас знаеш како размислував… СМ: Нели знаеш дека е таква е работата со нив. Ха, ха, ха. ГЈ: Да, да. Види, ја ја знам работата, ама затоа да се преслушам со тебе. Ја гледам годинава ни одат вкупно 240 луѓе во пензија. Мислам дека, без проблем ние 300 може да примиме годинава, до крај на годинава. СМ: Види, Горде нас ни требаат само за партијава сега, многу луѓе. УБК идат многу луѓе во пензија. Оперативата ни е многу опадната, а работата, т.е обемот на работа многу зголемен… ГЈ: Е зголемен, да… СМ: Знаеш со овие суштествава… ГЈ: Да де да, што си има. СМ: Така да ги наречам. И ние мораме, мораме да направиме оператива. Значи, мене едно 100 души ќе ми требаат само за УБК, само за оператива, да знаеш. ГЈ: Е па, знаеш како… СМ: Плус, мораме да ги створиме, мораме одма да ги дадеме на обука, да створиме нов кадар затоа што готови сме, ќе не изедат овие, така да знаеш. ГЈ: Да де да. Јас знаеш како рамислував? На пример… СМ: Башка тоа, башка мислам дека мораме овие специјалците да ги појачаме, пошто оваа бројка што ја имаме е малце… ГЈ: Па така де. СМ: Ние ќе примиме, плус ќе отидат нови-стареат, и пак не сме направиле ништо… ГЈ: Ја мислев… СМ: Што значи цифрата околу 1.000 души ние да примиме у МВР е… ГЈ: Ама мора некако да ја распоредиме… СМ: …не да ја кажам ја реална, туку е потребна. Тоа е потреба, не е тоа сега ние да се луксузираме… ГЈ: Не бе, не е нешто ние да форсираме, него поентава е да направиме распоред. Да речеме до крај на годинава 300, првите 6 месеци од наредната уште 300, знаеш. Оти реално, сега кога ќе кажеш на Влада 1.000 души, очи ќе ти извадат, ме разбираш? |