Избери говорник | Слободан Николовски. Сашо Мијалков | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: Мобилниот оператор Албафон треба да склучат договор со СГС | |
Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков СМ: Ало Цобе? СН: Ало, директоре здраво. СМ: Здраво, што правиш? СН: Вака сега, сакав да Ве консултирам за една работа. Па и деновиве не знам како сте со обврски, СН: Добро. СМ: За деновиве да поминам за…имаме нели превзмење од Телеком ќе ни треба опреми, еднодруго, па да Ве информирам што се трошкови ќе направиме за… СН: Е па ајде ја и ти да се видиме покасно. СН: Кога? А бе многу овие денови ме фати гужва да ти кажам. Нели гледаш овие што прават по судови, протестираат, праат. СН: Па јас сакав сабајле да дојдам порано, ама сега ми се јавивте и…А сабајле да дојдам во 10.30, кога ќе дојдете прво… СМ: Ај ќе пробам денеска ако може да те видам, ако не утре најкасно сабајле се гледаме. СН: Утре сабајле да дојдам. И уште една работа, само ова мора веднаш да ја решиме. Со Телекомот, нели сега нив ги обезбедуваме и… СМ: Како? СН: Телеком-от… СМ: Да. СН: Нели со нив сме договорени, од 1-ви ги превземаме и сега оваа Албафон што е новата… СМ: Албафон? СН: Да, и тие дојдоа, и тие бараат да ги обезбедуваме. СМ: Да, да, знам. Тие ми се пријатели. СН: Да. И сега има таму една клаузула во Договорот со нив дека, да го задржиме правото на ексклузивност, значи само нив да ги обезбедуваме, да не озбезбедуваме некоја фирма со слична дејност таму што е. СМ: А, не бива таа работа. СН: Да, и сега тука ќе мора на овие да им откажеме. СМ: Ќе си го тргнат тоа од Договорот и готово. СН: Е тоа сакав да Ви кажам. СМ: Тие знаат ли кај бараат екслузива? Кај го има тоа бе? СН: И требаше да видиме со Жарко да зборнете вие, па да видиме дали ќе може да се тргне. Иначе со Договорот сме обврзани на таа ексклузива СМ: Чекај малце, тоа го има во кој договор? Во, во… СН: Во Телеком. СМ: Кај Жарко? СН: Да, да, да. СМ: Аха. СН: Треба да со него да се спомне, дали тој дел од Договорот, таа ексклузива СМ: Ја мислев тие новите тоа ти го бараат. СН: Не, не, новите не. Тие одма договоривме, одма не прифатија и тоа, мислам со нив све сме се договориле. СМ: Ќе зборам со Жарко за тоа. СН: Да, за тоа зборнете. Ама ни треба хитно тоа, зошто договорот веќе треба да го вратиме и само тој момент ни остана недефиниран. СМ: Океј, ајде. Ме бара Премиерот на другата линија, ќе те барам. СН: Добро, договорено. СМ: Ајде. |