Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер
ГЈ: Не е лошо утре, да видиме истражниот да даде изјава, пошто реално мислам, ја ќе ти кажам шо ќе
има, ама не е во ред ние да даваме изјава за нешто што не сме го работеле, условно речено, ние
директно?
МП: Не, не вие не треба да давате изјава, никако…
ГЈ: Ние и заради тоа денес се дистанциравме, телото е…од што е умрен тоа, не знаеме, телото на
обдукција е, кои се причините истражниот го води увидот. Мислам јас се координирав со моиве, зошто
претпоставував дека таја меѓу два круга, ова она и Нино ми се јави, ми вика абе да не има
нешто..абе нема ништо, излетал од кола…
|