Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
ВЧ: Ало.
КБ: Чинго до кај си?
ВЧ: Еве, кај мене сум во канцеларија, се спремам да доаѓам кај тебе. Ама немам ништо документи.
КБ: Како бе ништо? Ич?
ВЧ: Не бе, ич. Па ти кажав уште тогаш. Немам од каде.
КБ: Па ми рече малце.
ВЧ: Е па малце, ама тие ги вратив јас. Ти ми рече под таа —-да не собирам.
КБ: Под која?
ВЧ: Под одредено ниво што се договоривме тогаш…
КБ: Не бе не, не. Се е значајно, све.
ВЧ: Е па тогаш треба да им кажам, ама денеска не можат да завршат работа. Од понеделник.
КБ: Сега и најситно ни е значајно.
ВЧ: Мхм, мхм.
КБ: Добро, ако можеш, можеш. Ако не помини онака да се видиме.
ВЧ: Ќе поминам, ај да видиме што е – како е, да направиме рекапитулација. И да ми дадеш на мене,
тоа што треба да ми дадеш.
КБ: Што да ти дадам?
ВЧ: Фактури.
КБ: Да, да, да. Е па ајде. Те чекам.
ВЧ: Ајде. Идам таму, ајде.
|