Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Гордана Јанкулоска. Сашо Мијалков
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Од Мерцедес викаат ваква кола не сме продале у Југоисточна Европа
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало
СМ: Горде шо праиш?
ГЈ: Ало?
СМ: Ме слушаш Горде?
ГЈ: Еј кажи
СМ: Ме слушаш?
ГЈ: Да да нешто ми се изгуби ама сега те слушам
СМ: Како ме слушаш бе, добро ме слушаш или лошо?
ГЈ: Па сега добро
СМ: Сега добро… Пошто нешто ми викаат у последно време не ме слушале добро…
ГЈ: Преѓе кога викав да да како да се прекинуваше, знаеш ко…
СМ: Да, да..
ГЈ :…ко да си у тунел ама сеа е океј…
СМ: Шо праиш?
ГЈ: Ништо бе еве со работа
СМ: Со работа а?
ГЈ: Ти шо праиш?
СМ: Еве ја до пред малце бев на работа па тргнав на пат да ти кажам…
СМ: Аа така… абе слушај знаеш дека ова мерцедесов стигнал, па чисто онака сакав да те прашам…
ГЈ: Е?
СМ: Стигна каде е што е да го видиме…
ГЈ: Хахаха..стигна, стигна и одма го стаивме у гаража кај премиерот, знаеш да не го гледаат овде 
кај нас ко циркуз ама мислам ти коа сакаш со нив не е проблем, знаеш оти кај нас овде ко… ќе биде 
ко панаѓур. Иначе Сашо не знам, ја неам такво нешто видено…
СМ Да, го виде ти?
ГЈ Го видов тој ден коа го донесоа пошо мојов возач отиде да го земе од Мерцедес знаеш пошо пат 
тоа ко авион да возиш е…
СМ: Да а?
ГЈ: Фантазија, немаш видено такво нешто… го стаија знаеш у Влада у таа гаража…
СМ: А све е регистриран све…
ГЈ: Се, се, се комплет, регистриан, таблички све е завршено…експресно завршивме знаеш сега да 
не..многу многу да не го шетаме овде низ МВР има еден куп комуњаришта ќе почнат да оговараат, да 
зборат, некој ќе го слика, ќе го гледа…фантазија е, коа ќе имаш простор, договори се со чоекот не 
си видел такво нешто…и овие од Мерцедес викаат ваква кола не сме продале у Југоисточна Европа
СМ: Да, а?
ГЈ: Пошо е најнов…мислам ептен вака, знаеш вака…
СМ: У некоја наредна прилика ќе го пробаме..
ГЈ: Да бе да, мислам јас знаеш сеа коа не знаеш, не си го видел викаш де бе што може да е толку 
пари…
СМ: Црна боја?
ГЈ: …ама коа ќе го видиш фантазија е..
СМ: Што боја е?
ГЈ: Црна…црна се е, абе види он од надвор не сега не е нешто, супер топ изгледа, мерцедес најнов 
како може да изгледа…Ама не, нема разлика нели у однос на другиве мерцедеси со таа класа…ама 
внатре коа ќе видиш шо све има… и самиот сараунд систем и она клими на секое седиште, масажери, 
чуда, телевизори…
СМ: Значи све живо шо постои има внатре а?
ГЈ: Тој беше од каталогот мислам знаеш така и ја праевме работава , се шо пишуеше у каталогот, све 
има…
СМ: Све а?
ГЈ: Фантазија…
СМ: Колку испадна цената?
ГЈ: 575 мислам дека со ДДВ дојде…
СМ: Со се давачки?
ГЈ: Да, да со се ДДВ да… така мислам дека беше 580, 575… види таа кола толку кошта сеа…
СМ: Да, да, да…
ГЈ: Може не знам ако е…
СМ: В7 ли е?
ГЈ: Да, да, да В7 мислам дека е В6 7 оти
СМ: Не, не Б Б она што е за блинд…
ГЈ: Да де да, епа со В е обележано, може на германски е некоја ознака меѓутоа тоа е тоа…нели 7 е 
највисоко ова е 6, 7 ваљда тоа е најголемо мерцедес шо го има… и ние прашувавме пошо ја знам 7ца е 
топ, ми вика нема мерцедес ова е највисокото шо го нуди…фантазија е
Сашо СМ: Аха, значи највисокото…
ГЈ: Највисокото мислам фантазија баш, не сме се виделе ја и ти, коа ќе имаш прилика, убаво вака да 
го разгледаш, нема поубава кола у Македонија…
СМ: Се има провозено некој?
ГЈ: Е па ваљда го пробалем од кај премиерот пошо Маријан го зема…
СМ: Аха…
ГЈ: … мислам он викаше знаеш подискретно сеа да не го гледаат ама претпоставувам некогаш навечер 
го извадиле коа нема многу луѓе…
СМ: Ама што да не го гледаат, што ќе го кријат…тоа треба да се вози сеа што
ГЈ: Е па добро сеа знаеш како он вика да не го гледаат, како ќе процени така, ние нашето…
СМ: Цела Македонија знае у весници пишуваше шо…
ГЈ: Абе пишуваше ама знаеш сега он нејќе него да го видат со колава, како ќе процени така…и ти 
викам Марјан вика абе знаеш вика ќе гледаме да не го забележат, викам како ќе го постигнете тоа 
коа нема друга кола у државава таква знаеш…не може да не го забележат ама добро да не им го 
расипувам меракот, но се си е океј, значи се расчистено и ќе го пратиме и на обука, двајца ќе 
пратиме, тоа бесплатно им следува така да…топ
СМ: Да…
ГЈ: Супер е, многу е убав…
СМ: Дообро, ништо тоа ме интересираше…
ГЈ: Да знаеш перфектен е…


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org