Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Антонијо Милошоски. Никола Груевск. Сашо Мијалков
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Името да биде сложено, со загради, а Гркот рекол дека тоа нема да помине кај нив
Разговор помеѓу Антонијо Милошоски, Никола Груевски (се вмешува Сашо Мијалков)

НГ: Да.
АМ: Ало, што праиш?
НГ: Е, што праиш?
АМ: Добро еве, во Сараево сум со амбасадорот, па ми објаснува нешто за Босна, колку повеќе слуша 
човек, толку повеќе не знае.
НГ: Да, а?
АМ: Ова е ваму невидена равенка.
НГ: Јас сакав да помуабетам со тебе за една работа ако можеш малку на страна нешто, м?
АМ: Да, да, па на страна сум, излегов.
НГ: Е па, тука сум со човекот (Сашо Мијалков) што оди да разговара…
АМ: Ааа, да, да, да.
НГ: Ги знаеш до скоро информациите?
АМ: Ги знам.
НГ: Е сега, денеска дојдоа они…
АМ: Аха, аха.
НГ: Еден од нивните претставници.
АМ: Да се покажеме и ние како домакини.
НГ: Да. Дојдоа денеска. Тој подебелкиот. Не знам дали се сеќаваш.
АМ: Аха, аха.
НГ: Не тој…
АМ: Да, да. Претпоставувам кој е, тој што е асли Грк, овој другиов е малку мешавина.
НГ: Да, да. Ама, и тој е на исто мислење со тој. И тој сака да биде работава.
АМ: Да, да.
НГ: И он доаѓа у подготовка на утрешното. Утре оди овој нашиов таму.
АМ: Аха.
НГ: Со тој на А што треба да се види…
АМ: Да, да, да, да.
НГ: И у подготовка демек што како. Овој нашиов му рекол ние на овие заградиве ќе останеме.
АМ: Да, да.
НГ: Овој му рекол, немој молим те, ќе пропадне све, џабе е, не може, овој ги собра сите. Сите до 
еден беа против. Само овој на А беше за, сите други против.
АМ: Аха, аха.
НГ: Немој џабе времето ќе си го изгубите, се ќе упропастиш. Дај нешто друго да видиме, а, у. Тврдо 
играат.
АМ: Аха, аха. Да, да, да.
НГ: И сега мучкаме што да правиме, па сакав и тебе да те чујам. Нашиов вика дали да одиме со пред 
Република.
АМ: Пред аха, аха, ааа што би било?
НГ: Пааа, ова да речеме, долу-горе, знаеш тие работи.
АМ: Аха, аха. Па, ако е со ова со горе, што викаш, хахаха.
НГ: Хахаха.
АМ: Ако е со тоа, нека се проба. Од сите лоши варијанти оваа може…
НГ: Јас мислам дека тоа е ризично тоа да пројде кај нас после.
АМ: Да, ризично е, но ние сега правиме муабет затоа што знаме секакви глупости што паѓале како 
предлози.
НГ: Да.
АМ: Ама, сега јас поаѓам од мојата дефиниција. Ако стои тоа со горе од напред, тогаш поаѓам од 
фактот што, ако и на крајот не биде, ама правиме муабет да биде, ама ако не биде, тогаш тие ке 
бидат тие што ке го ишутираат. Па барем, ако ништо друго, нема нас да ни ги чешаат ребрата. Ааа, 
на пример да се оди со, ааа…сеа јас, моја идеја е вака, гласно размислувам, да се остави 
заградата, значи да си постои, тие внатре нека одберат нешто што би стоело, да не биде сé и сешто, 
ама ете, од нешто што го имаме слушнато до сега, а ние пред, напред ваму, најнапред ние да 
додадеме нешто што ќе биде со политичка конотација. Фактички, тогаш ке има две нешта. Едно што го 
додаваме ние и што не ни пречи и што е напред, што ќе биде дел од официјалното.
НГ: Може да те уклучам на конференциски линк да те слушне и човекот?
АМ: Да, да, може.
НГ: Сега те слуша.
АМ: Значи, мислев…
НГ: Тоа многу сложено ми изгледа.
АМ: Знам, знам, ама може да биде, да речам, да се продаде и кај нив, а да не нé оштети премногу 
нас, однодсно да не ја оштети таа компонента на ненарушено име Република Македонија едно до друго. 
Значи, целта ми е, ние, да речеме, пред зборот Република, ние да додадеме некоја политичка 
референца – независна, суверена, некоја, а тие да одберат нешто што би стоело плус во заграда. Би 
било името малку посложено од тоа што јавноста очекува, ама, во секој случај, она чистото име што 
ке се изговара, чита, употребува, пишува, за нас нема да биде штетно. Ќе има политичка референца – 
Независна Република Македонија, или некаква, а за нив па, приказната ќе може да биде дека сериозно 
е променето името, иако географската, на која што тие инсистираат, стои во заграда, сепак додадени 
се две придавки и со тоа покажуваме јасно дека сме успеале во нешто што сизифовски труд вложуваме, 
а не успеваме 20 години.
СМ: Антонио, знаеш што им е на нив битно?
АМ: Да.
СМ: Нив им е битно short name.
АМ: Нема да има short name. Ние ќе им кажеме дека во официјалните називи, може тоа да биде и дел 
од Спогодбата, дека секаде Македонија ќе оди со единственото, официјално име. Нема да има short 
name како Macedonia или незнам што.
СМ: На пример, Независна Република. Друго што би можело? Демократска Република?
АМ: Независна, демократска, суверена може да биде. Мислам тие три вака се, горе долу.
СМ: Пред Република?
АМ: Па, пред Република да биде, да. Независна Република Македонија во заграда, сега зборам нај, 
најдиректно, во заграда горна, независна или суверена Република Македонија, во заграда северна 
или…Значи ние во случај официјалната компонента, онаа најважната, суштинската од името, нема нас 
да ни донесе ризици, ќе си го сочуваме Република Македонија со нешто еве, условно речено 
оплеменето со Независна или со нешто друго, географската нивна ќе стои, во заграда, а тие дома, 
бидејќи Јорго тоа не може да го помине само во заграда, ќе рече луѓе не можевме ништо повеке 
останува Република Македонија во заграда Горна. Ќе рече да, тешко беше, но не е само заградата 
каде што ние имаме некаква референца, туку дополнително издејствувавме да има уште една одредница 
и стигнавме до компромис да има и политичка, која прави сепак и одредена политичка дистинкција. 
Ние сме сепак независна и суверена држава и прави одредена политичка дистинкција и има уште една 
компонента која е географска и ја прави дистинкцијата на којашто тие инсистираат. Значи, сложено 
име, посложено здравје, ќе може некако да го продаде кај своите дома.
НГ: Антонио, сè тоа е во ред, ама на што ќе лици името?
АМ: Јас сега правам вака, споредба, мене кога би се рекло, ако имаме две понуди…
НГ: Ама на референдум кога ќе го ствиме на што ќе личи, а не за после…
АМ: Не не, добро, и за референдумот поаѓаме од основ што е тоа за нас прифатливо или неприфатливо. 
Значи, ако јас имам два избори: едната да биде Горна Република Македонија или на англиски Апер 
Репаблик оф Маседониа, и втората да биде Индипендент Рипаблик од Маседониа во заграда Апер, јас 
како Македонец, гледано вака долгорочно би одел на втората.
НГ: Во заграда ВАРДАР?
АМ: Или да, или во заграда Вардар, да. Кога би бирал помеѓу Вардар Рипаблик оф Маседониа и Апер 
Рипаблик оф Маседониа како едно име, без загради и без ништо друго, или Индипенден Р.М во заграда 
Вардар или во заграда Горна, јас би ја одбрал ова опција со заградата. Затоа што заградата, сакале 
тие или не сакале, со тек на време ќе си отпадне и ке си остане Индипендент Р.М. Е сега проблемот 
е што, краткорочно, кога на луѓево ќе им го понудиме на референдум ќе речат добро што е сега ова, 
вие за една референца зборувавте а сега како Обединети нации 5-6 додавки и придавки. Посложено ќе 
испадне од привременава што ја имаме сега. Ама ако се гледа долгорочно напред, за 5-10 години, 
заградата си отпаѓа и си останува тоа што ке биде – Независна, Суверена или нешто слично.
НГ: ОК
АМ: Така, тоа е мое мислење. Исто може Сашо да игра и со една друга работа којашто за нив не е 
некоја смртна закана ама сепак е нелагодност која што можеме да им ја, како да кажам, да им ја 
решиме, во пакет со евентуално решение кое нормално, ќе ни одговара и на нас и на нив, и ако 
некаде треба дополнителен аргумент за нив, оди и тоа што го затвораме и прашањето со тужбата.
НГ: А да, да го користи и тоа.
АМ: За тужбата ние ја имаме одлуката. Значи, тоа ќе биде сепак наш гест и со самото тоа што тие би 
ни овозможиле негде некоја позиција барем, малку повеке или помалку да наложиме…
НГ: Ама они ќе кажат терајте со тужбата па да видите што ќе добиете.
АМ: Молам?
НГ: Што ќе им смета на нив тужбата, ако ние со нив го решиме спорот и после тужбата ја добиеме, 
што губат они а што добиваме ние?
АМ: Не, не, не, ама не, јас друго зборам. Значи, ние за да го решиме спорот, ние за да го решиме 
спорот бараме од нив малку повеќе разбирање за нашите позиции. Ако тие покажат поголемо разбирање 
за нашите позиции спорот се решава и тужбата се повлекува.
НГ: Да, ја те разбрав демек може и да не ја повлечеме. Нема логика.
АМ: Не, да не ја повлечеме нема голема логика. Можеме и да не ја повлечеме, пак ќе има некоја 
осуда за нив или нешто, ама мислам може Сашо да игра и да каже еве ова е дел од пакетот. Ако ги 
прифатите овие позиции кои ви ги излагаме, ви кажуваме дека и тужбата, вие или ние заеднички ќе го 
информираме судот дека тужбата се повлекува, дека двете страни договорно постигнале одредено 
решение и проблемот веќе не постои.
НГ: Добро.
АМ: Така, тоа е мое мислење.
НГ: Тогаш значи тоа па првата опција – со заградата.
АМ: Да да.
НГ: Ама за понатамошниот тек на разговорите…
АМ: Значи јас ти кажав, би му кажал сега и на Сашо, она што го имам чувство од разговорите со 
колеги, колку што нам ни е потребно, и колку што ни се брза и ни е важно да го решиме овој спор, 
мислам дека, со оглед на целата новонастаната ситуација со економска криза и со веке искористени 
една-две блокади против нас, и на нив многу им значи, значи за Грција и за имиџот, да го решат ова 
прашање. Значи, не сме само ние во брзње, не сме само ние во голема потреба туку исто така се и 
тие. Значи, колку што за нас би било незгодно да е нерешен и да остане нерешен до декември толку и 
за нив е. Што значи оваа позиција кај нив, за разлика од таа на Караманлис, треба да се искористи. 
Тие би требало, заради тоа што и на нив им се брза, малку да имаат повеке разбирање отколку пред 
една година.
НГ: Добро
АМ: Ок. Важи. Што и да има тука сум. Тие ќе доаѓаат во Сараево. Значи тие утре веројатно ќе им 
биде целта и со тоа би, Јорго би направил еден мал триумф ако тој, во Сараево, на 2-ри дојде тука 
и заедно со Моратинос, со кого на два дена се слушаат, почесто отколку што се слушаме ние, и дојде 
и каже, да рече вака и вака, јас Јорго Папандреу, при сите тешкотии, ова-она, до гуша сум со 
проблеми, носам добра вест – го решивме прашањето со Скопје. И Грција овде гордо најавува дека она 
што го нарековме Солунска агенда и сега го крстивме Агенда 2014 за зачленување на Западен Балкан 
во ЕУ, јас сум лидер на тоа и го туркам напред. Нема да сопрат да му аплаудираат. Од Шпанци до 
Скандинавци. Така што нему ова многу голем кредит ке му биде, ако успее.
НГ: Види, дај Боже ние да го решиме, прво на тебе ќе ти јавиме ти таму прв да кажеш. Ха ха ха
АМ: Ха ха. Сакам да речам дека човекот е во нужда на одреден начин да го реши ова прашање и дека 
таа негова потреба којашто исто е голема или можеби слична како и нашата, треба да му се наплати 
од наша страна со барање за поголема флексибилност. Значи нему не му е сеедно, како што им било 
пред 2, 3 или 4 години, дали ова ќе се реши или нема да се реши. Сега мислам дека и за нив 
сметката, фактурата почнуваат да се зголемуваат.
НГ: Ок, фала ти, ајде чао.
АМ: Се слушаме, поздрав, чао.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org