Македонски благослови. Good wishes.


<оl>
  • Аир и бериќет да имаш.
  • Аирлија да биде.
  • Аирлија да ви е пазаро.
  • Аирлија да ви е радоста, еднуш за век, да се ќердосаат, пак на помали да си исчекате.
  • Аирлија да ви е радоста.
  • Аирлија да е севтето.
  • Аирлија да е, до година да му месеме комат.
  • Аирлија да му е (да ти е) р'ката.
  • Аирлија да ни е идењево, за век да ни е, за добро идење.
  • Аирлија да ни је, да ни се вечни младоженците.
  • Аирлија да ти е полазо.
  • Аирлија да ти е севтето.
  • Аирлија и за многу години да ни е коматов.
  • Аирлија пазар, со пари аз'р.
  • Аирлија пазар.
  • Аирлија работа.
  • Аирлија.
  • Аирот да му видиш.
  • Ај Боже поможе, нека ни е л'сна работа и нека даде Бог да се роди бериќет.
  • Ај Боже поможе, среќан д'н нека е.
  • Ај в година Госпот да ве донесе со цело јагне. – На жена што на манастир однесла петел.
  • Ај Господ нека ми те блаосои, синко и ум и разум да ти даит.
  • Ај да ве однесе Господ на поголем град.
  • Ај да се роди чисто жито како злато.
  • Ај да си ми блаосоен.
  • Ај и за свадба да пазариш (да викаш).
  • Ај како е Госпо не е никој.
  • Ајде аирлија, да се ќердосаат, сватството и родството да ни е довека.
  • Ајде и на голема радос да исчекаме.
  • Ајде и на наши куќи да ни даи Госпо ваква радос.
  • Ајде нека ви е радоста аирлија.
  • Ајде нека речи Госпо да сме здрави и живи и да дочекаме вакви дни и догодина.
  • Ајде нека речи Госпо да сме здрави.
  • Ајр да имаш.
  • Ајр и бериќет да имаш.
  • Ајро да му го видиш.
  • Алаверс'н, алаверс'н.
  • Амин, и на ваша куќа.
  • Ангеле, Арангел ти помогил.
  • Ангело да ти седи на рамена и од лошо да те чуа.
  • Арангел да ти поможит.
  • Арлија нека е нека ти се роди..
  • Арно да видиш.
  • Арното те фатило. (овој благослов се употребува во вид на клетва).
  • Без Божја помош да не останеш.
  • Бериќет Бог ти дал.
  • Биди благословен.
  • Бог да го наврти на добро.
  • Бог да го прости (на мртво или на задушница).
  • Бог да го прости татка, што ни остави бапка.
  • Бог да даит што ни срце сакат.
  • Бог да ми те избави.
  • Бог да ми те оздравее.
  • Бог да ни је на помош.
  • Бог да простит и мртви души.
  • Бог да те (го) чува (човека) от куќен арамија.
  • Бог да те милуе сос некое машко дете.
  • Бог да те пази од зло начисто.
  • Бог да те пази од лоши комшии.
  • Бог да те пази од ушурлија човек.
  • Бог да те чува да умреш без да се мачиш.
  • Бог да те чува од лоша среќа.
  • Бог да те чува од ненадејна смрт.
  • Бог да те чува от исцрпан човек.
  • Бог да ти наврти добра среќа.
  • Бог да ти пази стоката.
  • Бог да ти поживи децата.
  • Бог да ти поможе.
  • Бог да ти чува здравјето.
  • Бог милост да ви даде.
  • Богоројца мајка да не вардит од лошо.
  • В година поголем родот да биде.
  • В устата да ти се пулет.
  • Велигден да си дочекаме.
  • Вечно нека ви е иемто.
  • Во куќава пак да дајт Господ.
  • Во раце Господови да стоиш.
  • Во секоја куќа, радос, Господи.
  • Глава нека е жива.
  • Година да ви се роди повечку.
  • Година со здравје д исчекаме.
  • Година сос здравје да исчекаме.
  • Годинава венчање, в година крштење.
  • Годинава сос кошница, до година сос товари.
  • Годинава сос куќичка, до година сос невеста.
  • Годинава сос невеста, до в година сос машко дете.
  • Голем(а) да порастиш.
  • Голема да порастиш (на мали деца).
  • Горнијон да ни је на помош.
  • Горнијон да поглеат само.
  • Госпд да те чува од исчукан човек.
  • Господ бериќет нека дава и нека ни е на помоќ.
  • Господ бериќет.
  • Господ да ве дарува.
  • Господ да ве поживее.
  • Господ да ви ги множи чедата (стоката).
  • Господ да ви даде отсрце.
  • Господ да е со тебе.
  • Господ да и ослободит.
  • Господ да не ослободит.
  • Господ да не повардит од лошо.
  • Господ да не чува од лошо.
  • Господ да не чуват од душманите.
  • Господ да те (го) бранит (чуат) од лошо.
  • Господ да те (да ве, да го, да је, да 'и) вардит од лошо.
  • Господ да те благослови.
  • Господ да те варди по патот.
  • Господ да те дарува.
  • Господ да те дарује со голем разум.
  • Господ да те дарује со голема дарба.
  • Господ да те дарује со голема памет.
  • Господ да те милује со машко.
  • Господ да те надари.
  • Господ да те однесе на аџил'к, да видиш Божигроп.
  • Господ да те однесе наместо.
  • Господ да те радвит со машко дете.
  • Господ да те удостои.
  • Господ да те чува од лошо.
  • Господ да ти ги отвори патиштата.
  • Господ да ти го дочува детето.
  • Господ да ти го отвори патот.
  • Господ да ти ја олесни работата.
  • Господ добрината да ти ја плати.
  • Господ желбите да ти ги исполни.
  • Господ здравје да ти даде.
  • Господ здравје да ти даде.
  • Господ на помош да ви е.
  • Господ некој касмет да ви даде и од ваше срце да си исчекате и свадби да направите.
  • Господ печалба да ви наврти.
  • Господ посреди вас.
  • Господ сабар да ти дајт.
  • Господ со здравје да го донесит.
  • Господ ум и разум да ти даде.
  • Господ што је арно (да даде).
  • Господи Исусе Христе! Пречиста Богородице! Свјатиј Никола и вси светци да сет на помошт!
  • Госпот да ти (му) и зајакнит рамената.
  • Госпот да ти (му, је) дает здравје.
  • Госпот и вашата куќа да ви ја зарадује.
  • Д'имаш кого да по'елиш.
  • Да бидиш личен, преличен.
  • Да бидиш прокопцан.
  • Да бидиш радосен.
  • Да бидиш умен разумен.
  • Да ви дај Госпу п'лна и рамна к'шча.
  • Да ви дај Госпу све шчо ви душа сака.
  • Да ви се врашчат.
  • Да дај Госпу да се позлатите.
  • Да дочекаш да и венчаш.
  • Да дочекаш и в година.
  • Да исчекате и вие да венчајте.
  • Да ми си жив.
  • Да ни е здрав и вековит домаќинот.
  • Да порастиш.
  • Да с ожениш (на момче).
  • Да с омажиш (на мома).
  • Да се ќердосате (на младоженци).
  • Да се најт на старос.
  • Да си вековито.
  • Да си го ќердосаш името.
  • Да си го ќердосаш.
  • Да си живо.
  • Да си жиф ти.
  • Да си умно.
  • Да си учено, преучено.
  • Да сисчекаш и на мнучиња.
  • Да сте живи вије.
  • Да сте живи и здрави.
  • Да ти дај Госпо све што ти душа сака.
  • Да ти дај Госпо убајна.
  • Да ти дај Госпо што ти срце сака.
  • Да ти дајт Господ добар касмет.
  • Да ти дајт Господ што ти срце сакат.
  • Да ти е жив стопанот.
  • Да ти е жив татко, мајка, браќа.
  • Да ти е жива фамилијата.
  • Да ти је велико.
  • Да ти је жива челад (на домаќини).
  • Да ти је живо и све што ти је мило.
  • Да ти је живо младенчево (на новородено).
  • Да ти је честито името.
  • Да ти се живи децата.
  • Да ти се слушат зборот.
  • Дај Бог добро.
  • Дал ти Господ добро.
  • Даскал да станиш.
  • Дедо да се сториш, сто години да живееш.
  • До година повесели, порадосни.
  • До година со син.
  • Доб'р ти пат, добра среќа, добор к'смет.
  • Добар к'смет да имате.
  • Добар ќсмет да имаш.
  • Добра среќа.
  • Добри абери да си слушаме (од оние што се на туѓина).
  • Добри мушчерии пак да навртит Господ (на стока што е за продавање).
  • Долго да си чекате.
  • Еден Господ да ни поможит.
  • Еднуш за векот да ти је радоста (на младоженеец).
  • Жив да бидиш.
  • Жив и здрав да си.
  • Живот и здравје.
  • За век да ти е радоста.
  • За многу години, на здравје.
  • За радост да си грејме.
  • Здрави били.
  • Здравје да имаш.
  • Здраво димаш.
  • И во година да дочекаш.
  • И догодина со здравје.
  • И на внучиња да си дочекаш.
  • И на твоја гла да ти е врнато.
  • И петело јајца да ви неси.
  • Јунаците (т.е. ергените) да трчет по тебе.
  • Кај се крмит да се плодит, кај се орат да се родит.
  • Кај што помина чесен крст да е чесно бериќетно.
  • Ќар и бериќет да имаш.
  • Кеј ќ ојш се арно да носиш.
  • Кеј ќ ојш со радос да носиш.
  • Ќеку лафои, теку добрини да ве најдат.
  • Колку гроздове, толку бочки.
  • Колку зрна толку осмаци.
  • Колку лафој толку добрини.
  • Ќар и бериќет да имаш.
  • Македонски народни благослови
  • Мир и милост на всите.
  • Момите да трчет по тебе.
  • Многу години да си чекаш.
  • На човек кој купил некој товар дрва од некого.
  • Нека е здрав и жив.
  • Оваа година беќар, до година со невеста.
  • Од арно да не куртулиш.
  • Од добро да не куртулите.
  • Од едно илјада да се наплодат.
  • Од едно илјада да се напрае.
  • Од мене лек, од Господа сељамет.
  • Од мене малу, од Госпо многу.
  • Од тебе севте, од Госпо бериќет.
  • Пак да се видиме здрави и живи. - Кога тргнува некој во туѓина.
  • Пите со здравје.
  • Поелја д'имаш, сполај ти, или.
  • Пома Бог.
  • Помагај Бог.
  • Поможи Бог.
  • Помози Бог.
  • Придај Господе (Боже). - Гостите благослоуваат кога домаќинот ги кани да земат.
  • Придај Господи.
  • Радосен и весел да си.
  • Радосни весели.
  • Само добрини и убавини да ви дава Госпу.
  • Седите ми со здравје, побргу да се видиме.
  • Сејте (седите) су здравје.
  • Со аир да ви е.
  • Со аирлија нога да бидиш.
  • Со арно до година.
  • Со арно, со добро.
  • Со веселби во куќата.
  • Со добрини, со лепини, да си чекаш името.
  • Со здравје да ги гориш дрвцата.
  • Со здравје да го износиш.
  • Со здравје да одиш (патуваш).
  • Со здравје да одиш и добра среќа да имаш.
  • Со здравје да си го пиете винцето.
  • Со здравје и живот да ги употребите.
  • Со здравје, со весеље.
  • Со машко чедо до година.
  • Со невеста до година, Господи.
  • Со товари род да имаш.
  • Со убава невеста, дечиња да ти шеткаат по дворот, свадби од нив да дочекаш.
  • Сполајти многу.
  • Сполајти, Господ да придајт.
  • Среќен ти пат.
  • Сто години да живееш.
  • Су здравје.
  • Твојот памет кадијата да го има.
  • Ти мене ме даруваш, Господ тебе да те дарува.
  • Убав живот да имаш.
  • Убајна да ти дајт Господ.
  • Умен да си.
  • Уста ти пеела.
  • Учен да си.
  • Фат да имаш во работата.
  • Хај су здравје.
  • Чесен да си (е) до века.
  • Чесен крст да поможит.
  • Чесна смрт.
  • Чест д'имаш.
  • Чест и ифтибар да имаш.
  • Честит Свети Јован – напомош.
  • Честита ви работа.
  • Честита ви радост.
  • Честито да е името.

  • Copyright ©. George Mitrevski. e-mail:mitrevski@pelister.org