„ИЗЛЕГОЛ НЕЏИП КАЧАКОТ“
Народна песна од Преспа за Славејко Арсов
Излегол Неџип качакот,
По тие села Ресински,
По тие села Ресински, вале,
Во Болно село, касаба,
Во Болно село, касаба, Неџип.
Расфрлил тешка вергија,
Расфрлил тешка вергија, Неџип.
Не стасал да ја собери,
Не стасал да ја собери, Неџип.
Излегол Арсов војвода,
По тие села Ресински,
По тие села Ресински, џанам,
Сос неговата дружина,
Дружина верна, зговорна, вале.
Кајшто ми Арсов врвеше,
Сос неговите јунаци, џанам,
По тоа Поле Ресинско,
Тревата ми гореше, џанам.
По цело Поле одеше
И за Неџипа прашаше:
– Селани, џанам, граѓани,
Јас ќе ве прашам, опитам,
Да не ме мене лажите,
Мене право да кажите.
Јас ќе ве прашам, опитам,
За тој Неџип качакот,
Жив него да го фатиме,
Со неговата дружина.
Отишол Арсов војвода,
Со неговата верна дружина,
Во тоа село Шурленци
И за Неџипа прашаше:
– Селани, џанам граѓани,
Јас ќе ве прашам, опитам,
Да не ме мене лажите
Мене право да кажите.
Јас ќе ве прашам, опитам,
За тој Неџип качакот;
Жив него да го фатиме,
Со неговата дружина,
За да не збира вергија,
Низ тие села Ресински,
Низ тие села Ресински, вале. -
– Де ѓиди, Арсов војвода,
Штом нас не прашаш, опитваш,
Право ќе ти кажиме,
Тебе не те лажиме,
Тука е Неџип качакот,
Со двајца тројца другари,
Сега ќе овде помине. -
Арсов ѝ дава куманда,
На неговата дружина:
– Дружино верна, зговорна,
Фаќајте здрава пусија,
Тука ќе Неџип помини,
Со двајца-тројца другари,
Жив да го него фатиме,
Со неговата дружина.
Дружина Арсов послуша,
Здрава пусија фатија.
Ете го Неџип кај идит,
Со двајца-тројца другари.
Извика Арсов војвода,
По неговата дружина;
Неџипа ми го ранија,
Неџипа ми го ранија,
Дружина сместа паднала.
Арсов ми викна провикна,
По верната дружина:
–Неџипа не го тепајте,
жив сакам да го фатиме! –
Дружина верна послуша.
Неџип ми пушка држеше
Негова пушка пукнала,
Сотира ми го убија,
Мицета ми го ранија
Неџипа ми го фатија.
Неџипа ми го фатија, вале,
Арсов му вели, говори:
– Де ѓиди Неџип качаку,
Јас ќе те прашам, опитвам,
Ти мене право да кажиш,
Ти мене да не лажиш.
Колку вергија расфрли,
Низ тоа Поле Ресинско,
По тие села Ресински?!
Кои ти беа јатаци,
Низ тие села Ресински?
Јас ќе те земам со мене,
Со моја верна дружина,
Вергија ќе собереме,
Од тие села Ресински,
Парите ќе поделиме. -
Неџип ми молчи, не зборва,
Арсов го даде дружине.
Неџип ми го подзеде
Арсова верна дружина.
Раците му прејкоа,
рацете до раменици;
Очите му извадија,
Нозете му ги прејкоа
Нозете до коленици.
Арсов му викна, подвикна:
– Де ѓиди Неџип, качаку,
Оди вергија да збериш!