Лисицата, петелот, гусакот и штркот
Лисицата, петелот, гусакот и штркот
Кај што и била живеачката на едиа лжѕица многу била запашкана од луѓето, што не можела да си најде
ништо да касне.
„Оф јас сирота, беше си рекла сама со себе, што се чини ал, не можам лебот да си го извадам, како
толку се сетија сите луѓе и ништо на мегдан не оставаат ноќе, за да можам да уловам ја некоја
коковчица, ја некое јариче.
Кај да заминам, се стапици наставени, за да ме фатат, сегде пусии накладени, да ме отепаат.
Асли-ќељам, нема живот за мене, при се што сум толку итра: треба да сум уште поитра, да така да
можам да си го извадам лебот."
Думала, шестала лиса, каков марифет да направи, и издумала.
Дала збор по светот оти веќе ќе се покае и ако најдела два-тројца да стори другари со неа, ќе
одела на аџилак.
Арно ама никој не ти ја верува лиса, за да оди со неа на аџилак.
Откога виде лиса оти никој не и дошол в плаанина, за да и биде другар за на аџилак, слегла долу в
поле и се прибрала до едно село.
Врвејќи покрај едно буниште, ја видоа кокошките и скркал петелот по кокошките за да бегаат, да не
ги грабне лисицата.
„Mope, што кркаш, бре петле, му рекла лиса, што ги плашиш кокошките?
Зер мислиш, бре петле, оти јас јадам кокошки?
Јас отсега не јадам јајце, а не кокошки.
Јас од неколку време навамо сум се покајала и кај си постам, ич мрсно в уста не сум клала, ни пак
ќе кладам, чунки ако сака Господ и, убава Богородица, ниет сум сторила да одам на аџилак; арно
ама, сакам и една задужбина да сторам, за да земам тројца со мене, на мој арч да ги сторам аџии.
Да ако сакаш, брате петле, ела ти да те сторам еден аџија, да ти се простат сите гревови."
Кога ги чу петелот тие слатки зборови од лисицата, како да му се посакало да биде аџија и си рекол
сам со себе: „Ај да одам со лиса на аџилак, и така ќе ми го трга арчот, да белким ќе ми се простат
гревовите што сум ги сторил, и кога ќе си дојдам, барем аџија ќе ме викаат.
Ај мори лисо, јас ќе дојдам, лели велиш ти оти арчот ќе ми го тргаш."
„Таман, брате петле, лели ти коптиса од срце да идеш со мене и да се сториш аџија, блазе тебе и
преблазе на тавојата грешна душа.
Ајде повели, аџи петле, му рекла, тргај вамо кај што ќе одам јас и ич не бој се."
Тргнал аџи петле по лиса и, одејќи поминале покрај еден вир.
Во вирот имало едно стадо гуски. Едно ја виделе лиса и спискал гусакот „гра-гра" по гуските, за да
бегаат од лисицата.
„Што се мачиш, море гусаку, да грачиш, му рекла лиса, и гуските да ги плашиш?
Треба да знаеш, брате гусаку, оти јас сум се покајала и сега си постам, само тревица си јадам,
месо в уста ич не сум клала.
Ако не ме веруваш, еве прашај го и аџи брате петле што е со мене толку дни.
И друго да ми ти кажам, брате гусаку: јас тргам за на аџилак да одам, за да си ја спасам душицава
од тешките гревови што сум ги правела со пустиот касаплак мој по кокошки колење, по зајаци и друзи
животинки; армо ама, брате гусаче, досега не бев знаела оти е голем грев крв да турам и души да
губам.
He знам како ме научи Господ да појдам на дуовник, да се исповедам, и дуовникот канон ми даде,
дури сум жива ич мевце да не каснам и на аџилак да одам, да душицава да си ја спасам.
Да еве кај сум се кинисала за тамо, брате гусаче.
Ако сака Господ да одам со здравје, да го видам тоа место, да и ако умрам да не жалам. Туку што
имам уште еден кусур, што немам уште два-тројца другари, да појдам со нив на аџилак, и таа
задужбина сакам да ја сторам, да покајам два-тројца барем со мене да дојдат на аџилак, да колку за
арчот, брате гусаче, јас ќе им го тргам дотамо и довамо, нејќам тие да поарчат пет пари скршени.
Ха, леба ми, ти велам, брате гусаче," му велела лиса на гусакот дури со плач.
„О, о, о, многу арно си намислила, лисо, и рекол гусакот. Блазе тебе и преблазе што ќе се сториш
аџиица и голема задужбина ќе ти се фати дека ќе земеш и неколцина со тебе на свој арч да ги сториш
аџии. Аџи лисо, ај ако е кабил јас да идам со тебе, за да се сторам едек аџија, а што велиш, ме
земаш?
>,Ууу> аџи гусаче како не ќе те земам кога ти е паднат венецот од Бога за аџија да бидеш. Ај
аџи гусаче, ај тргај со мене, ете си имал касмет да се спасиш, не аџет ти било наречено зер од
треќата вечер"
„Ај боже поможи," беше рекол гусакот и тргнал по лисицата да оди на аџилак.
Зграчиле гуски, братенце мило, „гра-гра-гра", по гусакот, ништо живо не беше го оставале. А лиса
фати да ги мири и да ги кроти велејќи: „He викајте, гуски, не жалете, гуски, за аџи гусака, дека
ќе оди на аџилак.
Co господ напред, сега брго ќе си дојдеме и броеници на сите бакшиш ќе ви донесеме".
„Е лели бакшиш ќе им донесете, ај со здравје да одите и со здравје да си дојдете", и рекле гуските.
Си поведе лисицата петла и гусака не за на аџилак ами за на касапница.
Одејќи ти срела еден штрк на патот и откога ја испрашал штркот кај оди лиса, и откога му доказала
лиса како што му докажа и на гусакот, го склонила и штркот да оди по неа, за да го носи и него на
пусти аџилак.
На мракот ги прибрала лиса до едно село при еден трњак, да прележат ноќта.
Лисицата се допрела до коренот од еден трн, штркот спроти неа, петелот над трнот си ја свил
главата во пердувот и веднаш си заспал, дека беше уморен.
Гусакот, и тој беше се згутавил зад трнот, и тој си заспал, само штркот не спиел, чунки не беше
толку уморен.
На лисицата и се јало мевце, арно ама не можела од штркот да изеде ја петла, ја аџи гусака.
Думала, кројала, како да стори, и беше скројала еден марифет.
„Леле јас сирота, си велела со половина глас, ги зедов луѓево на душа со овој пален петел.
Ќешки него да не бев го зела, да не изгиневме ние тројца. Ти се молам, Боженце, фрли со некоја
ровја од небеси и убиј го аџи петла."
Откога беше ги" ислушал тие зборови штркот, и рекол на лиса: „Што мака имаш, мори аџи лисо, од аџи
петла, што толку се тагуеш?"
„Како што мака имам, аџи штркло, кога петелот сега уште малко ке си зафати да си пее како што му е
адетот и ќе чујат селаните, та ќе дојдат и сите ќе не истепаат како врапци." „Леле, мори лисо, ќе
изгинеме, и рекол штркот, ами каков крај да се бара, аџи лисо?"
„Ха, ми текна, аџи лисо, и рекол штркот, сега јас ќе ја свршам таа работа."
Тоа рече штркот и се поткачил на трнот кај петелот, та беше го чукнал со долгиот си клун аџи петла
по глава и го пцовиеал на часот.
Рипнал петелот од трнот удолу, и откога заспал и штркот, станала лиса и си го изела аџи петла како
пресна леблебија.
Утрото уште пред зора го скорнала штркот и гусакот и тргнала да оди на аџилак.
Одила, одила и пак огладнела, и се сака да се најаде, арно ама не можела колајот да им го најде за
од двата еден да изеде.
Се прибрале една вечер до едно блато кај што имало многу гуски, да преноќеваат, и вечерта пак
фатила да се тагува и да се колне сама себе.
„Што нешто, аџи лисо, пак зер ќе не најде некое зло овде?" и рекол штркот.
,,Оф бре, аџи штрк, му рекла лиса; ами не гледаш што е гуски во блатоно, ноќеска ќе гракне некоја
гуска и гусакот ќе чуе та ќе гракне и ќе не јави на некои луѓе да не уловат. Ете тоа ми е маката,
аџи штркло."
„Е лели е така, лисо, јас таа работа ќе ја свршам, еден нека умре поарно, одошто двајца да умреме.
Биди раат, лисо, сега јас ќе го свршам."
My пошол кај гусакот штркот и го чукнал по глава, та го пцовисал на часот.
„Еј, лисо, го свршив аџи гусакот, биди раат сега."
„Сполај ти, аџи, сполај ти на твоето јунаштво што го имаш во клунот.
За много работи ќе ти помага клунот твој, ашколсун, аџи, ашколсун."
И фатила да се витка и да си ги клава рацете во лажичката, ѓоа ја боли.
Штркот ја гледа и како да ја пожалал.
„Што нешто, лисо, се виткаш?"
„Оф море штркло, не прашај ме, оти ми е грев да кажам, ама лели сме другари, ќе ти кажам.
Ете откога сум запостила да не јадам месо, се срце ме боли, ем ме страв да не умрам на постот."
„Немој, мори лисо, не земај се на душа, ами лели законот дава да мрси болен.
Ене го гусакот, асли е мошне дебел, јади сега да оздравееш, да од утре тамо пак пости си. И кога
ќе одиме на аџилак, ќе се исповедаш и ќе се причестиш, та ќе си земеш една простена книга од
патрикот, да и ако дадеш некоја пара, да не жалиш."
Асли тоа чекаше лиса.
Откога покрши ѓердан, појде и го изеде гусакот.
Тршаа да патуваат лиса и штркот, и лиса туку кашлала како кога да има коска запрена. Откога
огладне лиса, посака и штркот да си го изеде.
Фатила да кашла и со прсти в грло да пика, ѓоа коската да ја фати што и била в грло запрена.
„Мори, што имаш, лисо, што се мачиш?" и рекол.
„Гревот ме мачи, штркло, му рекла, дека се омрсив со гусакот, тики ми се запре една коска, те
молам ако не ми посигнеш, братенце, со долгиот клун твој в уста, да ми ја извадиш коската."
„Пеки, лисо, и рекол, и посигнал со клунот штркот во грлото од лисицата, за да ја вади коската.
Ја стиснала лисицата устата и му ја прекинала на штркот главата, и него си го изела и се сторила
аџија-јаланџија.
Итрите јале, будали дале.
МАРКО ЦЕПЕНКОВ