Умот и касметот
Умот и касметот
Си било едно момче будалесто и многу сиромашко.
Многу пати си легнувало гладно, од што немало парички да си купи леб.
Ако не го поткрепувале комшиите со леб и да не му давале понекогаш по нешто работа по дома: кога
дрва да нареди, дрва да пресече, вода да им залее и друга работа што била многу долна, и да му
даваат по некоја пара за да си купува леб, одамна ќе беше умрено тоа будалесто момче.
Арно ама тие комшии биле милостиви, тики го пожалувале и го подгледувале.
Многупати го здружувале со некои дрварчиња и го праќале во орман да збира дрва со едно магаре, за
да се алиштиса и да биде и тоа домаќин како што бил некогаш и татко му. Арно ама никако не
напредувало момчето во работата,
„учи, учи, тиква бучи", што рекле стари.
Чунки го жалале комшиите, тики набрго го поучувале за да напредува во работа, оти е веќе голем.
Како што секи човек има и ум и касмет, така и момчето имало.
Арно ама и двата беа го изоставиле, тики си било така како избудалено, оту, ако имаше еден од
двата, ја касметот, ја умот, па не ќе беше дотамо.
Откога беа го оставиле умот и касметот момчето, никако не беа се здружиле двата за да се видат и
да си проговорат помеѓу себе нешто за момчето.
Талкајќи умот и касметот по ќефот нивни, се погодиле еднаш да се сретнат:
„Оо, побратиме уме, му рекол касметот на умот, море како се изгубивме вака олку време што не сум
те видел!
Кај туку талкаш бре?"
,Кај што талкаш ти, тамо и јас, му рекол умот на касметот, зошто ме прашаш?"
„Mope мошне арно знаеш ти зошто те прашам, туку нејќеш да кажеш," му рекол касметот. „Али за
момчето наше што сме го оставиле двајцата за да биде будалесто?" му рекол умот. „Ете за тоа де,
видиш како знаеш, му рекол касметот.
Mope, ај да му поможиме, бре уме, за да му напредне.
Оти срамота е за нас да го оставиме онака."
„Ајде, нели велиш ти, му рекол умот, да му помогнеме".
Откога беа се зговориле умот и касметот, почнале да му работат на момчето, и на часот се изитрило
и ер што работа ќе фатело, ќе му напредувало.
Co прво зело едно магаре и отишло в планина та одило од бука на бука за да најде некоја бука
поедра, да ја пресече и дрва да си товари поарни, за повеќе пари да чинат, а не како напред што
собирал дрва танки, што да се продаваат за грош и педесет пари.
Нашол една таква бука и и легнал да ја сече.
Едно ја пресекол буката и туку беше се истуриле парчиња од алтан.
He ги познало момчето оти се алтан парчињата, чунки дотогај не беше видело парчиња од алтан.
При се што не беше видело, пак си ги собрало во торбата, што си го носело лебот, и, си товарило
дрва, та си дошло дома.
Тоа нешто касметот му го наврте.
Бидејќи било тогај и разумно, момчето си рекло со умот, да земе едно парченце од златото и да
појде кај некој куменџија за да го праша што е тоа нешто и колку пари чини.
Куменџијата го стругнал парчето од златото за да го види што е, и кога го удрил на
менк-ташот, излегло сафи злато, и се удрил на пазар со момчето.
Арно ама момчето го сетило куменџијата оти чини многу тоа нешто, што нејќел дури да му го даде.
„Сакај пари, бре момче, му рекол кумекџијата, колку сакаш, и продај ми го ова парче туч, дека мене
ми треба за работење."
„He ми е за продавање, мајсторе, му рекло момчето, само сакам да се научам колку пари чини, да пак
ќе си го однесам дома, чунки ми е останато мираз од татка."
My дал куменџијата една цена, при се што не му го продавало момчето златото.
Кога чуло момчето толку пари што му дал куменџијата, се сетило оти треба да чини уште помногу.
„Чекај да прашам и на друго место, си рекло момчето со умот, лели дава овој олку, друг може да
даде уште повеќе".
My го зело од куменџијата и отишло кај друт, кај треќ и најпосле кај некој сараф, та го продало
златото за многу пари и си отишло дома со пари.
„Овие парчиња треба да се алтан, си рекло со умот момчето, јас треба да одам во друт град за да
прашам колку пари чинат и да ги продадам поскапо, за да не се излажам;
оти човек што се лажи за срамота е од тие што го лажат."
Си го зело момчето златото и тргнало од град на град да оди и да ,го продава.
Во еден град ако продадеше едно парче за илјада грошеви да речеме, во друг за две илјади; во треќ
за три илјади.
И така одејќи од град на град дошло дури во царскиот град и тамо веќе беше го продало сето злато,
та беше се сторило прв богат во тој град.
Умот и касметот се пo него оделе и му помагале.
Откога поседело неколку дни момчето во царскиот град, преесапило да фати некоја трговија за да ги
намножи парите што ги имало.
Гледајќи низ чаршија по дуќаните свет што купуваа кому што му требало, се преесапило и тоа да фати
неколку дуќани и да накладе такви стоки за да биде трговец.
Фатило неколку дуќани и накупило турли бе турли стоки, ги наполнило дуќаните, наглавило измеќари и
се курдисало како баш трговец во царскиот град, да продава.
Сите што го видоа се чудиле на неговото богатство и на неговата личотија и умнотија.
Секој имал ќеф откај него да купува стока, едно од што многу стока имал, друго и поефтино од што
давало и друго од што било момчето умно, разумно и со слатка лакрдија што ги пречекувало.
Алаш-фереш страшен фатило да прави и се прочуло по целиот град.
Многу нешто што му требало на царот за војската, оделе откај него да купуваат.
Co денеска со утре, беше го теклифил еднаш царот да го стори таинџија, за да му дава се што треба
за војската, и тоа беше приимало, та се сторило таинџија и давало таин токмо една година време,
без да посака пари од царот.
Се чудел царот на тоа момче, дека било толку богато, чунки една година време не му посакало пари
како што му сакале друзи таинџии на секи месец пари.
На тоа згора, го викнал царот момчето на годината за да сторат есап и да му плати, да за напред,
ако се погодат, пак да му биде таинџија.
Откога му платил и му натплатил царот, се погодиле пак за напред да му биде момчето таинџија на
царот.
Ha ќефот згора, царот направил едни гости и ги поканил сите садријазами, паши, големци, сите
старци што биле покрај него, и момчето го канил, да и тоа да биде на гости. Кога видело момчето
оти го кани царот на гости, отишло на баш терзијата и си кроило еден кат алишта, за како пред цар
кога се оди на гости или на свадба, и се променило, се накитило што ај ми си оди, да ти види око;
да го грабнеш и да бегаш, и му ошло кај царот на гости.
Умот и касметот, ер кај да одеа, од него мислата не ја иставаа и се му работеа, за да напредува.
Одејќи момчето у царот на гости, седнало на трпеза покрај друзи млади паши и тоа, како некој голем
господар.
Одошто беше лично и умно, тики како некој ангел прилегаше во лицето.
Сите што биле во одајата, на сите во него беа им останале очите.
Откога јале и пиле, влегла царицата за да ги почести гостите и да им рече добре дошле.
Крај царицата дошла со неа и ќерка и, да ги види гостите.
Едно беше го видела момчето, и на срце беше и останало.
Излетување од одаја царицата со ќерка си, и ја спојмела мајка си да ја даде за невеста за тоа
момче.
„Уу ќерко, не зборуј така, ами ич те дава татко ти за тоа момче што е таинџија?
Татко ти ќе те даде за некој царски син, што да му е акран нему, а не за сироомав," и рекла
царицата како нажалена.
,Веруј, мајко, оти на срцево ми остана тоа момче, и рекла плачејќи момата.
Ја него ќе ми го земете, ја в невола ќе се фрлам и друго чаре не бидува.
Ем жими младост, мајко, еве ќе ти се заколнам, до утре ако не ме свршите за тоа момче, да знаете
оти сама себе јуда ќе се сторам и вие на душа да ме имате и на тој век џуап да ми давате!"
Вака велејќи царева ќерка, отишла и се затворила во една одаја и легнала да плаче.
Откога си ошле гостите, му кажала царицата на царот за тоа нешто, и царот ја кандисувал да ја даде
ќерка си за некој царски син.
Арно ама ќерка му ич слуша тоа, што и велел татко и и мајка и, кога работеле од момчето умот и
касметот?
„Или него, татко, ќе ми го земеш, или ќе се отрујам и друто чаре не бидува."
При се што царот и велел за друго момче да и земе, пак тоа го сакал и тој, ако било од долен сој.
На тоа згора и рекол на царицата:
„Честита царице, ај да си го дадеме девојчево кај и е нејзе на срце, за да ни биде здраво и живо и
весело, да ако не е момчето од царско колено."
„Е, лели велиш ти, честити царе, му рекла царицата, да го дадеме, и толку.
Ела, мори ќерко, ја викнала царицата ќерка си од одајата кај што била затворена и плакала, ела
овде при мене и при татка ти, и ај нека ти биде ќефот:
еве ќе те свршиме за тоа момче.
Ај оди измиј се образ и дојди да му бакнеш рака на татка ти и мене, за да ти речеме:
Да ти е аирлија момчето што ќе ти го свршиме."
Кога ги чула тие зборови царева ќерка од мајка си и од татка си, со голема радост отрчала и се
измила образ со раки-салун, се истрила со ќесето убаво и дошла пред татка и и пред мајка и, таму
се поклонила и му бакнала рака, и брго-брго пратија по момчето да дојде и да му кажат оти ќе му ја
дадат ќерка си нему, за да им биде домазет.
Дошло момчето кај царот и кога то чуло тој збор, им се поклонило до земи и им рекло:
„Ви благодарам, честити царе и честита царице, на таа голема чест што ми јa чините вие мене.
Арно ама, јас се гледам за недостоен да ви бидам зет, чунки сум од долен род, та затоа ќе ве
молам, ако е возможно, да не биде, за после да не ви е мака."
„Ако си, момче, ти од долен род, ние ќе те направиме од голем род, чунки ти работел тебе многу
касметот.
Земи го сега прстенов и нека ти е аирлија ќерка ми, за век да се ќердосате," му рекол.
На тие зборови момчето веќе замолчило и приимало.
Едно зборување и курдисал царот свадбата да ја прави.
Курдиса тапани да сврат, поканил сватови и наравил свадба царска.
Во денот, што ќе се свршела свадбата, се кашле умот и касметот во сарајот од царот и се здравувале.
„Mope кај си ,бре уме, му рекол касметот на умот, да видиш нашето момче до кај дојде да се стори
царев зет; кафпе јас, што велат старм: „роди ме, мајко со касмет и фрли ме на пагот," да ете колку
чинам јас, побратиме."
„Mope побратиме касмете, пак јас велам, оти ако не бев јас да го крепам момчето, никојпат не
можеше да дојде на оваа скала.
Крепи го ти везден, ако не го крепев јас," му рекол умот на касметот.
„Бре, да зер саде ти си можел да го донесеш момчето на оваа скала, му рекол касметот, та јас ништо
не сум можел да го донесам!
Еда, море побратиме, сам царот некни му рече оти касметот многу му работел што ќе му ја дадел
ќарка си, а не му рече оти умот му работел, разбра али не разбра?"
,.Е, нели се инатиш толку, чекај да го оставам jac да не го крепам, му рекол умот и да видиш оти
ќе ја окали работата."
Така беа се препирале умот и касметот и ја донесле работата до скарување.
На лутината згора, се налутил умот и го оставил момчето баш таа вечер кога го затворија да лежи со
царска ќерка, демек со невестата.
Туку откај што си беше момчето умно и разумно, штом го оставил умот, беше се ошутило како што си
било кога било сиромавче, и едно му ја пуштиле невестата при него, тоа и врзало една трешница по
врат и ја истерало од при себе.
Се зачудила царева ќерка оти да и удрил трешница.
Втори пат се прибрала, пак така ја удрил, трети пат пак ја удрил и што и зборувал зборови, нито
едно дете од пет години не ги зборувало.
Се чудела ќерка му од царот и не можела дури и да се увери за тоа нешто, та ошла кај мајка и и и
го кажала сето со ред.
Отишла царицата да го праша зошто ја тепал ќерка и и не ја приимал за невеста да му биде.
Кога му ги чула царицата зборовите од момчето, и таа се учудила и се уверила оти се избудалило и
се померило од умот, и ошла при царот та му кажала.
Кога го чул царот тоа нешто, пратил луѓе и му го донесле пред него.
My зборувал, го прашал за едно, за друго, да види што одговор ќe му даде;
одговорот што му го давал, го сетил оти се избудалило, та беше го клале во една одаја, како под
затвор да постои, дури да дојделе екимите да го видат.
„Еее честита царице, ете од сиромавиот колку му работел касметот дури да го обезуми и да не
напредне," и рекол царот.
„Може да му дојде умот, честити царе, што знаеш до утре што бидува, му рекла царицата. Може на
срамот згора да чактисало од умот и се избудалило."
„Е, може да му дојде умот ако има касмет, и рекол царот на царицата, a пак ако не му дојде, јас
знам да му удрам прат по газ и да го истерам."
Кога го виде касметот, оти момчето се избудалило, голема мака беше му паднало и тогај поверувал
оти касметот не можел да го докрепи без да биде и умот другар со него, ги стегнал опинците
касметот и трештил да го бара умот, за да го моли да го поткрепи и тој, како што го крепел тој.
Барал вамо, барал тамо, и беше го нашол.
„Mope, аман бре побратиме, ела да го поткрепиш и ти момчето, оти пред царот за срамота ќе се
стори."
„Е, виде сега, кота ти велев јас оти без мене ти ништо не можеш да сториш?"
„Аман побратиме, му рекол касметот, си го припознавам кабаетот и сакам да ми простиш за сега, та
јас уште еднаш од тебе немам делење!"
Така велејќи му касметот на умот, беше се смирил умот и отишол та му влегол на момчето и веднаш
беше се свестило и се сетило оти згрешило и беше си кројал еден тертип, како да му рече на царот
за да излезе пред него, за да му речел нешто.
Кога чул царот оти момчето сакало да излезе пред него, со радост беше го приимал и се сторило
дауџија на царот, оти да го кладе во друга одаја како под затвор.
„Остај тоа, бре синко, му рекол царот, туку гледај што е дауџија ќерка ми, што си и удрил три
трешници и не си ја дексал за невеста.
Зошто така да и направиш?'
Cera лели бил и умот и касметот да го крепат момчето, знае како да му го даде тоа џуапот на царот.
,.Честити царе, јас што и удрив три трешници на ќерка ти, си имав право, чунки имав насиет од
татка за кога ќе се женам:
во првата вечер да и удрам три трешници на невестата ми, за да паметва кога се мажила.
Првата трешница е за мене, да ме знае оти сум и господар и да ме чести;
втората — за татка да го чести; а
трегата трешница — за мајка да ја чести.
Ете тоа беа трите трешници, честити царе, а не оти ја нејќам ќерка ти и не ја дексав." Кога ги чул
царот тие умни зборови од момчето, му ги пофалил, и си останало у царот домазет.
Може и ден денеска да си е при царот.
МАРКО ЦЕПЕНКОВ