Полза од знаење

Полза од знаење
Во еден град имало еден трговец.
Трговецот си имал само еден син.
Син му од богатиот бил многу итар.
Од што бил итар се сакал да научи, арно ама татко му не го оставал да се учи ни на книга, ни на
некоја свирка.
Тамам ќе земел книга в раце да пее или некоја свирка да засвири, веднаш татко му ќе го спашкал.

„Mope, книгата леб не ти дава, бре синко, му велел, и свирката, работа, работа, работа тебе ти
треба.
Разбра, али не разбра?!"
Сеедно вака го пашкал богатиот сина си, и не го оставал да се учи за ништо.

Во тоа време се отворил еден панаир и богатиот го пуштил сина си на панаир да купува стока.
Арно ама тој не купил стока, ами отишол на даскал да се учи книга.
Бидејќи имал голема севда за учење, во брго време се научил гурли бе турли книга. Турли бе турли
писмо можеше да пише.
Откога се научи книта, си отишол дома без никаква стока.

Co голема лутина го пречека татко му.
„Камо стока, бре синко, му рекол, и зошто се забави толку време?
Али се најде со непечалени пари на туѓина и си ги изел".
„Овој ред стока не купив татко, му рекол син му, оти купив ум и разум.
Да, ако сум жив, дореда ќе купам"

„Еее, чекај коњу до зелена трева.
Толку пари сега ги запусти, да дореда ќе си ги спечалиш!" му рекол татко му и го арнисал.
Дошло време пак да се отвори панаирот и му дал пари татко му на синот та го пуштил на панаир по
стока, ама со големи порачувалки, заплашувалки, да не ги изеде парите.
Ошол син му од богатиот на панаир и наместо стока да бара да купува, избарал едни чалгаџии што
свиреа со ќеманиња и се еклеисал при нив да се учи ќемане.

Во малце време беше се научил да свири ќемане илјада пати од мајсторите што го учеа поарно, чунки
имал голема дарба да учи чалгија и друзи науки.
Вистина се научи ќемане син му од богатиот, ама и паричките сите си ги изел и си отишол дома без
стока.
Кога го виде татко му без стока, ифрат беше се сторил од лутина.
Го суди, го кара, арно ама мајка му излегла јарданџија и па го смири.

Дошло времето пак се отворил панаирот, и син му од богатиот го помолил татка си да му даде треќи
пат пари да оди на панаир по стока, да ако му ги изгуби и тие пари, него нека го продаде и да си
ги земе парите.
My ce товарила и жената му на богатиот за да му даде пари уште еднаш.
„Многу ми се товараш и ти, жено, и рекол, да му дадам пари, ама ако ги изгуби, бездруго ќе го
продадам и сина ти: и ќе си ги земам парите без да го жалам оти еден син имам; чунки парите се
помили и од син и од татко и од мајка.

Немој после, жено, да се срдиш и кабает да ми наоѓаш."
„Саде дај му ти, домаќине, да што сакаш, тоа прави му", му рекла жената му.
На тоа згора извадил пари и му дал, та го испратил на панаир.
Одејќи на панаир тргнал да шета по чаршија, да гледа што стока да купи.
Шетајќи се уморил и се вратил во едно кафе да се напие едно кафе.

Кога видел, едни кај играле со книги комар.
Се прибрал до нив и фрлил мерак да се научи да игра комар.
Кога му се курдисал, ти играл, ти играл, вистина сите пари ги запустил, арно ама па се научил да
биде страшен комарџија, што да не може никој да го ендиса.
Откога го научил и тој занает, си отишол дома при татка си пак без стока и без пари.

Кога го виде татко му пак без стока, толку многу што беше се налутил, што змија да го каснеше,
змијата ќе се отруеше од него.
Го суди, го пусти, оти да му ги запусти сите пари и да го остави сиромав да биде.
На тоа згора, го грабнал за рака, да го носи в чаршија да да го продава.
Се расплакала жената му да не го продава, оти кој ќе чуе штo ќе рече, онсица си го продаде сина си.

Арно ама богатиот ни жената си ја слушал што го молела, ни сина си што му се таксувал да му ги
спечали парите сто пати повеќе, го повел со себе и го изнесол на телал чаршија да го продава.

„Хеее, слушајте вамо, луѓе, викал трговецот, син ми изеде толку пари, за толку го продавам, кој го
сака нека го купи".
Така викал богатиот, а пак син му викал инаку:
„Хеее, луѓе, слушајте вамо, вистина татко ми ме продава, ама кој ќе ме земе пишман ќе биде, и кој
не ќе ме земе па пишман ќе биде".

Мнозина муштерии беше се зафатиле да го купуваат, арно ама, слушајќи го тој збор, пишман кој ќе го
земе, и не се удирале на пазар да го купат.
Имало некој богаташ дојден од царскиот град во тој град, и застанал да слуша кај што го продавал
богатиот сина си за толку пари.
Слушајќи го зборот од син му на богатиот, кој ќе го купел пишман ќе биде, се гибнал богатиот
јабанџија и се заинатил, та го купил, и да види оти не се плаши од едно ќоле,
му ги набројал парите на татка му и му го зел синот.

„He купувај ме, чорбаџи, му велел, оти пишман ќе бидеш; не купувај ме, чорбаџи, оти ќе се
попишманиш".
Арно ама богатиот бил толку богат, што прв риџаџија при цара бил.
И малку инатчија бил, тики не слушал што му се фалел син му од богатиот со пишманлакот.

Ќе ти кажам јас, пишман што ќе бидам, да те пратам дома гуските да ми ги пасеш, да ако бидам
пишман", му велел богатиот и го предал на гавазот што одел по него да го однесат на конак кај што
седел.
Вечерта напишал една книга до жената си и во писмото и пишал вака:
„Слушај вамо, моја домаќинко ова момче, што ти го праќам, го купив за толку пари за да ни биде
ќоле.
Да му ги дадеш гускита да ги пасe и по еднаш на ден леб да му даваш.

Во гускарницата да лежи.
Heгo да го тераш, алето да го фрла.
Co една реч, сите работи најтешки и најгнасни него да го тераш да ги прави.
По еден месец јас си идам, и кажи му на царот со топови да ме пречека".
Гo внесол во една гемија и му го дал писмото на гемиџијата та го испратл дома.

Во гемијата имало многу патници и почнале да си играат со книги, отпрвин со кончиња. Почнале после
по пет пари и најпосле ја зафатиле со помногу пари комар да играат.
Беља се тие проклети папази, дури да се заигра човек, да после колај не може да се остави.
Во таа играчка се смешал и гемиџијата.
Арно ама гемиџијата немал марифет во играњето комар, тики му ги уттисале сите пари што ги имал и
до најпосле му ја уттисале и гемијата.

Го тргна настрана момчето гемиџијата и му посака неколку пари да игра тоа за него.
Ами нели знае син му од богатиот марифет за тој пусти комар, едно беше се зафатил да игра и во
еден саат се им уттисал и му ги предал на гемиџијата.
„Еве се ќе ти дадам, пријателе, му рекол син му од богатиот, твое да биде, само да ми го дадеш
писмото што ти го даде чорбаџијата што ме купи мене за ќоле.
Откога ќе го видам, па ќе ти го дадам".

На часот гемиџијата му го дал писмото со голема благодарност.
Откога го зел писмото, отишол в некој ќош и го отворил, та го препеал и видел што пишувало внатре.
Зел една книга и напишал едно друго со истото писмо негово, ама истото веќе било писмото, ни земи
ни дај.

Во писмото му пишал вака:
„Слушај вамо, моја мила домаќинко, едно ќе го пееш писмово што ти го праќам со ова момче, умно и
разумно, од најбогата фамилија од овој град, сум го дексал да го сторам домазет за милата ни ќерка.
Едно идење при вас милиот ни зет, ќе го облечеш во најскапи алшпта, прстенот мој со најубавите
џеваири ќе му го дадеш и да го викнеш владиката, та да го венчаш со ќерка ни.
Да јас, кога ќе си дојдам, царска свадба ќе направиме.
Да се чуди мало-големо дека сме зеле такво умно и разумно момче што го нема в крај земја.
Немој, домаќинко, да преступиш од ова што ти го пишувам и да го насрдиш момчето, оти после џувап
не можеш да ми дадеш".

Напишувајќи го вака писмото, го здиплил како што беше здиплено и го мурлеисал, та му го дал на
гемиџијата.
Дошле во царскиот град и го зел гемиџијата со себе син му од богатиот, та го предал на
чорбаџиицата заедно со писмото.
Едно отворање писмото и кога го препеале, на чудо беше станале за дека им пишал така, арно ама
зборот назад ич бидува да му се врати на тој чорбаџија?
На часот го промениле син му од богатиот со најубави алишта како за зет, исто ја променила ќерка
и, та го викнала владиката и ги венчала.

My ги дала клучевите од маазите, од сандаците и го сториле цел домаќин.
Седејќи едно утро во првата одаја син му од богатиот на пенџерот, го видел царот кај седи на
пенџере и тој да си пие нарѓуле.
„Ја чекај да посвирам едно мане со ќеманено, си рекол сам со себе, да ме чуе царот и да се почуди".

Кога ја тргна прачката, брате мило, да свири, секој што чул застанал да слуша и се заборавил да си
оди по работата.
А пак царот баелдисал од сладина на мането што го свирел.
Откога го тептисал свирењето син му од богатиот, царот пратил да го викне при него, да му посвири.
Дотогај царот не беше чул такво убаво свирење.
Утро, вечер, се го викал да му свири.
Толку го замилувал царот, што прв риџал до него го зел.
Од ортома човек пуштал, од што го милувал царот.

На месецот тргнал богатиот да си иде дома.
Идејќи, пратил писмо дома и до царот, оти си идел.
Бидејќи бил многу големџија, се сакал да се прчи и да се фали дека го честел царот, со топови да
се пречекува.
,,Еј момче, му рекол царот, еве дедо ти кај си иде и ми пишува да го пречекам со топови, чунки
него го имав најпрв при мене, а пак отсега тебе ќе те имам прв при мене".

„Верувам, честити царе, му рекол син му на богатиот, оти мене ме милуваш повеќе, иља ќе те молам
за да му кажеш на деда ми, оти мене ме милуваш повеќе, да не му фрлаш топови кога ќе иде дедо ми".
„Пеки, пријателе, му рекол царот, еве за атар ќе заповедам да не се фрлаат топови".

Ha тоа згора втасал богатиот на скеле и чекал топови да фрлат, немало.
Виде оти царот не го почестил и бидејќи беше многу сербез, од скеле право отишол кај царот, како
дауџија.
Влегол при царот и царот не му рекол да седне, чунки зет му до царот седел.

Кога виде богатиот оти не го почести царот, му се поклони и како усрамен си отишол дома.
„Шооона, кое ќe беше тоа момче што седеше до царот? си велел само со себе богатиот.
Ми прилегаше како ќолето што го купив.
Ако е тоа, големо чудо и приказна ќе биде.
Јас да го купам за ќоле, а тоа да стане господар и да седи до царот.
Спроти како што не фрли царот топови и не ми рече седни, треба тоа да е.
Спроти како што велеше: „пишман ќе биде тој што ќе ме купи", пак треба да е тоа.
Арно, еве тоа да е, ами како може во еден месец време да се спријатели со царот толку? Ај дома
кога ќе си појдам, сета работа ќе ја научам".

Co тие мисли чорбаџијата си отишол дома и едно влегол в порта, го пречекала жената му со ќерка му,
па му се поклонила до земи ќерка му спроти адетот и потегнала да го бакне в образ и после в рака.
Кога ја виде чорбаџијата ќерка си направена невеста, на големо чудо беше станал и му притекнало
оти ќолето треба да им ја курдисал таа лага.
„Мори, да би Господ ти платил, жено, и рекол богатиот, што си ја направила ќерка ти невеста?
Кој беше тој пес што те излага и за резил те направи тебе и мене?"
..Ја земи го писмото што ми го прати по гемиџијата заедно со момчето, му рекла.
Ја пеј го да видиш што си ми пишал во писмото, домаќине!"

Го зел писмото и го отпеал.
Кога го пеа, се чуди, се чуди, се чуди и се пречуди како да пише така, чунки тој пишал за момчето
да биде гускар а не домазет.
Го гледа писмото, истото било негово, нити едно слово немало менето.
Се чудил, чудил, и се уверил на зборот од син му на богатиот што велеше:
„пишман ќе биде кој ќе ме земе и пишман ќе биде кој не ќе ме земе".

„Вака јас не ти пишав, жено, и рекол богатиот, за да му ја дадеш ќерка ми на ова момче, ами ти
пишав да го направиш гускар и најтешката работа да го тераш да ја работи.
Арно ама домашнмот есап не излегувал в чаршија.
Најпосле, ашколсун ќе му речам на зетот што го сторивте, што можел до овде да ја дотера оваа
работа.

Кога го купував од татка му, жено, момчево ми рече оти пишман ќе бидам ако го купам и пишман ако
не го купам.
Така ми рече, армо ама јас бидејќи малце инатчија, го купив како на инат, да видам зошто ќе сум се
пишманел и зошто не ќе се пишманам.
Ете вистина како што велеше, така излегло.

Пишман сум што го купив и те излага тебе да го сториш зет, a пак пишман не сум оти сторив таков
еден ербап зет, што да седи до царот и да има поголема чест од мене.
Ајде, ќерко, ела да ме бакнеш в образ, се свртел откај ќерка си, и бакни ми рака, да ти речам
акрлија.
И запрегнете се да правиме свадба, за секој, што да чуе, да прикажува и за зетот и за свадбата".

Во тие зборови, встасал зетот откај царот дома и едно влегол в куќи, рипнал богатиот и го бакнал в
чело, та му почестил.
Тек лакрдија не му рекол оти како направи, што направи, што му ја зел ќерка му.
Исто и тој (зетот) не му кажал како стори, што му ја зел.

На тоа згора пратил син му од богатиот по татка си и по мајка си да си дојдат и тие при него, да
после да прават свадба.
Едно земање абер татко му и мајка му, оти станал домазет при најпрвиот богат, и му отишле.
„Еј бре татко, виде оти јас спечалив илјада паги повеќе пари отколку што ми даде ти?" му рекол.

„Видов, видов, синко, му рекол татко му, да си ми благословен и вековит.
Те молам, синко, да ми простиш што те продадов".
„Простено и блаословено, татко, нека биде од мене и од Бога.
Ич јас за тоа нема да, ти се срдам, чунки знам оти секое зло, што му иде на човека, му иде за
неговата добрина".

На тоа згора курдисаа свадба царска, цел месец што ја правија.
И си живееја, со сите убавиње, и со голема чест и слава беа.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org