Надлажување

Надлажување
Си имале тројца браќа една куќа што им чинела три илјади грошеви.
Си бил еден стар човек што си имал една ќерка многу лична, токмо на дванаесет години била.
Немало момче што да ја нејќе, од што била убава.
Арно ама, стариот (татко и) ја давал на тоа момче што ќе можело да го надлаже:
ако се надлаже стариот, да му ја даде ќерка му, а пак ако се надлаже момчето, да му даде на
стариот три илјади грошеви.

Знаејќи тројцава браќа оти имаше стариот лаж лична ќерка, секому му ѕивкало за да ја земе за
невеста, ама никој меѓу себе не си кажуваат оти ја сакаат.
Тики си намислија да ја продадат куќата и да одат да го надлажат стариот.
Еден ден беше ја продале куќата и беа си ги делиле паригге, секому по три илјади грошеви.

Co прво отишол постарѕиот брат кај стариот, да се надлажуваат, и му ги дал трите илјади грошеви да
стојат у стариот дури да се лажат.
My извадил стариот првин една погача многу голема, ѓоа ќе ја крши, и му рекол на постариот брат:
„Еј, момче, да ли си видел досега ваква погача убава и олку голема?"
„Бре, братко, кај ќе видам олкава голема погача? рекло момчето: оваа погача е за чудење."

„Ете, момче, како те излагав, му рекол стариот.
Дај ако имаш уште три илјади грошеви и со друга лага да се лажеме, а ако немаш ај да ти ги видам
плеќите, стануј дури е бргу, оди си".
Кога го чул тој збор, момчето стана и нога за нога си отиде дома и си крена мотика на рамо за да
биде аргатин да копа во лозјата.

По некоја недела отишол и средниот брат, ѓоа да го надлаже стариот и да му ја земе ќерка му.
Арно ама и тој не могол да го излаже, тики си ги приќосал трите илјади грошеви и си ошол дома
омацурен.
Најмалиот брат ги сетил оти браќа му беа пошле кај стариот и оти беа си ги приќосале парите:

„Ја чекај да види тој стар лаж, си рекол со умот помалиот брат, какво машко сум јас и како ќе му
ја земам ќерка му."
И туку беше му се истресол едно утро на стариот.
Влегувајќи во двор, го видела ќерка му од пенџере и и тропнало срцето за него, чунки и тоа било
многу лично и назлам во одот.

Откога сториле здраво и живо со стариот, беше му ги дал трите илјади грошеви спроти адетот што го
имал стариот.
Бир баш беше ја извадил старецот големата погача.
„Еј, момче, дали си видел олкава голема и убава погача?"
„Ејди, море дедо, еј, татко ми, Бог да го прости, што имаше една погача, илјади пати
беше поголема од твојата и поубава.

Сета војска царска ја ранеше и на сиромаси раздаваше, нас не ранеше и на заем по комшии даваше,
понада кај болни носеше и пак цела му стоеше.
Е, али чу старче, што ти кажав?"
„Може да било, рекол стариов, што нема на веков"
„Е, кога е така, дај ми ја ќерка ти и трите илјади грошеви".
Втората лага му ја извадил стариот.
Едек ќутук борина, сиот саде глужје, и и ја клал секирата згора на борината.

„Ами, знаеш, бре момче, како се цепи ќутуков од боринава?"
„Ами како не знам кога сум гледал татко кога ги цепеше.
Најди му ја дагата и удри му ја секирата, еве вака, гледај, старче, како ќе го расцепам ќутукот."
Го исцепил и му ја фрлил секирата пред стариот.

„Еј старче, имаш уште лаги, му рекло момчето, али ќе ми ја дадеш ќерка ти и трите илјади грошеви."
„Ја донеси го, мори ќерко, и рекол стариот на ќерка си, јарца коња, да види момчево!" Отишло
девојчето, та донесло еден голем јарец зауздан со коњска узда, со седло и узенгии.
„Еј бре момче, али си видел ваков коњ досега?"

Ејди море старче, му рекло момчето, коњов твој оди по земи, а татко ми што имаше петла коња, и
по небеси и по земи одеше, a не како јарца коња што си го извадил ти.
Слушај, старче, со петла коња татко ми што чуда направи.
Си имавме едно улиште, што си вадевме од него мед, за да си ја облажуваме сета куќа и по комшии да
даваме, а пак пчелите ни беа наместо волови и крави:
едни cи ги молзевме, а друзи си ги спрегнувавме да ни ораат.

На сите пчели татко беше им клал по едно име: која Калешка, која Лиска, треќа Бреза, четврта
Сурка, петта Саѓинка и така на сите беше им клал друзи имиња.
Одошто беше мераклија татко на нив, тики секоја вечер ќе седнеше до кошарка да ги пречекува
пчелите од пасење и да ги преброва, како овци на страга:
ќе си дојдеше некоја да си влезе в кошара и татко ќе си ја погалеше со рака.

Ами па што беа кротки, да знаеш, старче!
Камо некои јагниња.
Еднавечер беше ги пребројал и усетил оти две пчели не беа дошле: Калешка и Лиска. Утрото paнo го
спрема петла коња, му се фрли на рамена и отрча со бодињаница по поле, за да ги бара.

Бара вамо, бара тамо, кога гледа, ете ги преку езеро кај си орал некој човек со нив. Сакаше да
појде да си ги земе, арно ама немало мост да помине, нито пак некој каик да влезе.
Стоел и туку се думал, мислел, како да појде за да си ги земе, чунки и ти да беше, бре старче, ќе
бараше крај да си ги земеш, чунки стока е мила.
Ама не е вака, старче?"

„Е така е, бре момче, вистина стока е мила", му рекол стариот.
„Е кога е така, ај дај ми ја ќерка ти и не мачи ме уште да те лажам, ама ај да ја довршам лагата,
за да си го видиш и познаеш мајсторот, бре старче.

После, старче, стоејќи татко ми замислен со раката в џеб, си нашол една семка од тиква и веднаш
беше ја насадил в земи и дури се позавртел, беше никнала тиквата и беше пуштила една ластунка
преку целото езеро, како некој мост, мене лага, тебе вистина, старче, сакаш веруј, сакаш не веруј.

Кога ја виде татко ластунката пуштена преку езеро, го дупнал петла коња и од лист на лист, скакара
скукара, беше прешол кај човекот што беше ни ги зел пчелите, беше се скарал јако со човекот, беше
го срамил, беше го резилил ќи дотука, зошто туѓи волови да спрегнува.

Си ги зел ичелите, си ги товарил на петла коња и по ластунка си го преишол езерото и си дојде дома.
Кога го видовме оти беше ги нашол пчелите, сите истрчавме од куќи радосни, ти се нагрваливме околу
пчелите да ги бакнуваме и да ги милуваме.
Испотен бидејќи петла коња, му го симна самарот татко, за да го избрише од потта.

Кога гледа, садно беше му отворил на плеќите, коџамити рана.
Баба ми пак беше лекарка што знаеше да лекува со билки чемерики, тики зеде орев зелен, го столчи
со теслата на еден камен и му го кладе на раната од петелот.
До дваесет и четири саата туку порасна еден орев голем, до немајкаде, и за чудење големо, заврза
ореи, и узреаја, та сами од себе фатија да капат по земи,
мене лага, а тебе вистина.

Кога се нагрвалија врашки деца да собираат ореи, се расфрлија со грутки и стапови и се направи
една нива на оревот згора, чунки се нафрла земја од грутките што фрлаа децата. Кога виде татко оти
се стори нива, се качи со две пчели и ја изора, та ја посади бостан. Сакаш веруј, сакаш не веруј,
дедо, во дваесет и четири саати узреаја лубекиците.

Кога видов јас оти узреаја лубениците, бидејќи дете, скинав една најголема и ја пресеков, кога што
да видам внатре? една змија свиткана како колак!
На стравот згора ја удрив од земи и ја стапив со нога преку половина.
Од зорт што виде змијата, туку извади еден ферман, така-толкав голем.
Ете вака, дедо, чу сега што ти кажав али не чу?"

„Чув, бре синко, чув, туку како не го пеа ферманот да видиш што велеше?" му рече стариот.
„Ами како не го пеав, зер саде еднаш го пеав, трипати, трипати го пеав!
Знаеш што велеше, дедо, ферманот?
Нека ти ја даде стариот ќерка му и да не зборува многу."
He беше останало друг збор за стариот, отколку да му ја даде ќерка му,
и беше.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org