Дели-Петровата краставица

Дели-Петровата краставица
Дели-Петро, кога бил во детинство, посадил една семка од краставица и му никна една ластунка, зер
дека му се погодило времето и работањето на ластунката, тики одошто беше потерала диничлија, не да
полази по земи, ами ти потерала наугоре.

Кога ти расла, кога ти расла, кога ти расла, мене лага тебе вистина, вишно небо беше пошла.
„Ха, Дели-Петро беше рекол, чекај да се качам кај Гослод по ластунката, за да видам што прави".
И туку беше му се исправил по ластунката да се качува од мишка на мишка, по ластукка, кога се
качувал, качувал, качувал и туку дошол на врвот од ластунката и еве ти го на небеси се нашол.

Прошетал по небеси, вамо тамо. разгледал што има, штo нема, го видел Господ кај ручал млеко
попара, и пак се вратил назад да си иде по ластунка.
Тргнал пак да, си слегува од мишка на мишка и држ се за лисјето, де бре де, да слезе, страв и
трепет беше го фатило, чунки беше излегол ветар, тинки се нишала ластунката како лобода.

Полека, полека, држ се, чини, јако и слегуј, дури беше дошол до среде и беше го стемнило, се најде
во небрано.
Човек не е ни угоре, ни удолу.
.,Де море ал, си рекол со умот, ќе се гине сега овде, ај на име божје, си рекол, ќе лежам овде, да
што сака нека биде".

Се свил како куче на мутавче за да спие.
Арно ама, не би час, беше завеал еден ветер студен, што дури свржел беше му застудело јако.
Станал да седи, арно ама фатиле рацете да му ѕемнат, фатил да се ука, да ги стиска,
ѓоа да си ги стопли, немал фајде од ништо: колку идело, повеќе му ѕемнело.
Де море ал, де, беше се уплашил да не не се додржи.

Веднаш беше се сетил оти имал еден шилец во појасот, го извадил и пробарал вамо-тамо, та нашол
игла и го расцепил шилецот и си направил една страна дрва цепени, секнал со оганилото еден трат и
ги запалил дрвата.
Кога се вивнале, брате мил, орман атеши беше се сторил.
Беше ми ти се изгреал јако и си легнал, та паша-иши си спал.

Утрото рано станал, се измил образ, се исчешлал, се рашетал, се прекрстил и ја спуштил ногата да
слегува.
И туку беше си се отркалил удолу, кателе кутале, кателе кутале, колку што паѓал наудолу, толку се
силел, и кога паднал на земи, од што силно паднал, 6eшe ти се закачил в земи до појас.
Опнал да излезе, веднаш не можел, бре де опнал уште еднаш и треќи пат, му останала ногата в земи,
уште еднаш шлибнал, што да може не може, и другата нога ја оставил внатре.

Од сила кога излезе од земи, беше се претркалил газ преку глава, и беше му се закачила главата в
земи.
Тргна јако, и таа беше му останала в земи.
За касмет еве ти ги некои аргати со мотики и казми, беше ги викнал Дели-Петро за да му ги откопаат
нозете и главата.
Се погодиле аргатите милосливи и му се вратиле, та му ги откопале.

Зел една секира и отишол да ја сече ластунката, и во сечењего беше му откинала та беше му се
закачила во една тиква.
Пошол да ја бара во тиквата, и ете ти го еден камилџија ти нашол внатре.
„Mope камилџијо, бре, му рекол Дели-Петро, да не најде една секира, бре, во тиквава?" „Mope, јас
девет редови камили ги загинав во тиквава и не можам да ги најдам, ти сакаш да најдеш секира!?"
„Ха, ха, ха, ха," беше се исмеал Дели-Петро и беше си ошол по работата.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org