Оџакот

ОЏАКОТ
Еден мајстор му направил на некој човек еден оџак.
На битисување вечерта фатил оџакот да се навалува за да паѓа, и мајсторот му ги опирал плеќите за
да го потпира, да не падне.
Арно ама плитарите тешки биле и фатиле да се навалаат, чунки накриво беше го направил.
Свикал по стопанот од куќата:
„Еј чорбаџи, еве оџакот го направив, ела дај ми го ѓунлукот, оти ќе го турнам, вака да знаеш."
„Арно, мајсторе, ќе ми ти платам, слези долу, ќе ми ти натплатам."
„Mope ja овде ми носиш пари, ја ќе го турнам," му рекол мајсторот.
Бре го моли стопанот, бре го коли, арно ама мајсторот не му слегувал ништо живо и и најпосле
одвајго крепе и виде оти ќе паѓа оџакот, се поиставил и паднал.
Тики му рекол стопанот:
„Mope оти го турна оџакот, мајсторе бре, да би аир не видел?"
„Ами кога ти велев донеси ми го ѓунлукот овдека, му рекол налутено и тој на стопанот, ти ич барем
нејќеше да ме знаеш.
Лели јас сум го правил, ќе го туркам, ем ќе го наттуркам."
Еднипати и лагата ја покрива срамотата.
Сам мајсторот беше се пофалил пред друзи мајстори оти така излагал.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org