Планината зенделбег

ПЛАНИНАТА ЗЕНДЕЛБЕГ
Зенделбег планината е гранка од Шар Планина и помеѓу планина Бистра, од град Гостивар, кај што
сонце огрева, два саата скраја има. На врв планината Зевделбег има едно езеро, баеги големо, еден
саат rope долу има да го опколиш околу наоколу. На крајог од планината има едно село што го викаат
Вруток, до тоа село има многу извори што извираат наблизу - наблизу и сите извори се меешаат, та
се прави една река, и е таа главата на Вардар.
За тие извори прикажуваат оти извираат од езерото што е на планината Зенделбег. За да се увери
човек, еве како кажуваат старци. Некое време имало некој овчар што пасел туѓи овци и брави, и беше
му паднал кавалот во езерото, та беше му пропаднал во еден свиок внатре. Другиот ден беше прала
жената му од овчарот на изворите, и туку беше изврел кавалот од еден извор, и си го зела дома без
да го знае чиј е.По една недела дни слегол овчарот в село на промена и си го видел кавалот на
полица. Ја прашал жената си кај го нашла и, откога му кажала оти од изворите изврел, се зачудил
тој кога го чул од жената си тоа.
Кога си отишол кај овците, и нарачал на жената си утрото да појде кај изворот да чека нешто што ќе
и прати, дали ќе излезе од изворот. Заклал еден брав и го исекол на череци, па го фрлчл во езерото
и беше му излегле череците на изворот, та беше си ги зела жената му дома.
Откога се научил овчарот оти излегувало месото тамо, многу брави беше ги пуштил. Дури беше се
научил стопан му и беше го отепал, та беше го пуштил во езерото да си го пречека жената му. И
вистина една утро беше си го дочекала и си го донесла дома, та беше си го закопала.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org