Калето Исар

КАЛЕТО ИСАР
Калето Исар е близу над градот Тетово и е вземи пропаднато. Пред да дојдат Турците во Тетово,
калето било згора над земјата и едно тргнале Турците за Тетово, и си пропаднало во земјата не знам
колку адамбои длабоко со cите убавиње што имало внатре во калето, со сето безбројно азно што имало
тогај. Пропаднувањето било, едно, за да не влезат во него Турците, и бидејќи изгинале сите
тетовски јунаци. Само останале некои плочи големи озгора на местото кај што било калето и на
плочите имало многу пишани од тогашнигге јунаци. Имало стапалки од Марка Кралета во каменот кај
што стапил некогаш и му пропаднала ногата сосемати скорен. И друзи нишани имало, Само една дупка
има на местото од калето што му служи како баџа, за виделина да му одело внатре.
Стари тетовчани прикажуваат оти во калего Исар имало азно небројано: арно ама секој се боел да
влезе внатре, чунки веруааат оти има стопан што го варди внатре азното.
Пред дваесетина години некој тетовчанец варел ракија. Имало крај него и некои пријатели што cи
пиеле од ракијата што текла од казанот. Бидејќи гумно и било на ракијата, еден од гостите се
изнапил јако, а друзите не биле како него. На тоа згора им текнало на посвесните за да го натераат
напиениот да влезе во дупката од калето Исар и да види што има внатре.
Кандисал напиениот и го врзале со неколку ортоми, та го пуштиле внатре. Кога слегол внатре и се
видел во едно длабоко место и чудно, веднаш отрезнал и се освестил. Прошетал вамо-тамо низ калето,
што да види брате мило! Тие одаи која од која поубави по направата, со тие таками, кралски работи:
миндерите и столовите биле послани со мораво кадифе, а во одаите и по чардаците биле послани се со
зелено кадифе. Сето било толку убаво што да ти е грев со рака да фатиш.
Шетајќи низ одаите дошол до една врата голема, железна и ја потурнал со рака, та се отворила; кога
погледал внатре, зракот од очите му се зел од светлината на алтаните што имало внатре. Тоа место
било кај што било азното. Кој знае колку товари алтани имало тамо, со камили да ги креваш, не се
докренувале. „Ха, беше си рекол човекот во себеси, еве сега дури го погодив, ја чекај да влезам
внатре и да си ги наполнам пазувите и џебовите со алтани".
Едно влегол во вратата во азното и што да види, братенце мило! Наместо алтани еден голем смок,
завиткан в колак, колку едно гумно. Главата и опашката му биле кладени едно врз друго во среде
колакот. Одвртел очи смокот како од некој страшен див бивол. Една остра коса имал смокот на
главата како некоја свинска кострушика, толку долга му била што дури по сета снага му била
растурена. Кога го виде човекот толку страшен смокот, беше се омајал и се здрвил на местото.
„Туф бре тиди, си рекол сам со себе си, јас со прво видов овде алтани, сега намесго алтани гледам
страшен смок, каква работа ќе биде оваа и јас не знам".
На тоа згора беше почнал нога за нога да се враќа назад и излегол однатре. Штом излегол однатре, и
пак смокот станал алтани.
„Е зер овие алтани се наречени за да не се даваат засега на човека". Тргнал да си оди и вратата од
страв не ја затворил, арно ама сама беше се затворила. Ја замавнал ортомата, за да го истегнат
надвор, и откога излегол надвор, ова нешто им го прикажал на своите другари и од збор на збор еве
кај се прикажува од тетовчани и од друзи до ден денеска.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org