Сонцето и ѕвездите
СОНЦЕТО И ЅВЕЗДИТЕ
Уште кога не бил веков направен, Христос бил роден. Бидејќи бил малечок, се покрај Бога си одел; и
за пола му се држел. Кај ќе одел Господ, сполај му, по него одел и Христос. Дури мака му било на
Бога дека се по него одел малечок Христос.
„He туку иди по мене, а чедо, му велел Господ, седни си на земи, поиграј си нешто, како сите деца
што си играат".
Кога го чу тој збор Христос од Бога, веднаш му се иставил од коленото и си седнал на земи да си
поигра. Првата играчка на Христа му била да си копа земја со теслата и да си направи кал, а од
калта си направил едно чудо чудесија топчиња, како туталиња и си ги клал на герамитчиња да му се
сушат.Одел, шетал Господ и наминал кај што му бил син му Христос, да го види што прави. Кога го
видел извалкан од калта во рацете и во алиштата, се застојал да види што правел, што се извалкал
толку од кал.
„Mope што така си се обацал, бре синко? му рекол Господ, Што е таа кал што си ја направил пред
тебе?"
„Топчиња за играње си правам, тате", му рекол Христос.
„Арно си направил топчиња, бре чедо, му рекол Господ, ами чуму ти се толку чудо топчиња, што сакаш
да ги правиш?"
„Ќе си ги фрлам, тате, наугоре како топки, за да си играм со нив".
„Е, лели така ќе си играл со нив, му рекол Господ, ај фрли ја онаа топка поголемана наугоре, да
видиме дури кај ќе ја фрлиш".
Co радост голема Христос беше го послушал татка си, та ја грабнал големата топка и ја метнал
наугоре вишно-небо. По божји блаосов беше отишла топката многу далеку и застанала на едно место,
та се сторило сонце. На часот беше светнало како некое сонце утрено, кога да болсне во човечките
очи и да не може во него да се опули. Туку си ги клало Христос обете рачиња на очите, да не му се
земе зракот од сонцето.
„Еј синче, видиш големата топка како ти ја направив да свети како сонце? Ај расфрли ги сите
топчиња наугоре, за и тие како неа да се направат".
„Ќе ги фрлам, тате, му рекол Христос, ама те молам да не ми ги направиш како големата топка, да
свети толку многу, за да не можам во неа да се пулам".
„Мошне арно, чедо, ај ги фрли ги топчињата, та јас знам како ќе ги направам", му рекол Господ.
Веднаш ги грабнал Христос сите топчиња со обете раце, ги исфрлил едни надесно, а други налево,
едни угоре, други удолу. Сите се распрснаа по широкото небо и секое топче и топка се застојала на
местото кај што ја благосовил Господ. Од тие топки и топчиња Господ ги блаосовил за едно да бидат
месечина, други — големи ѕвезди, и најмалите — помалите ѕвезди. Кога виде Христос оти сите топчиња
му застанаа на високо, и кога виде оти нема со што да се игра, грабна од земјата со раце и се
расфрла по ѕвездите со земјата на нив, за да ги турне; арно ама Господ и земјата беше му ја
блаосовил, тики му се сторила ѕвезди ситни. Од таа земја била Кумовата слама, ѓоа ми ти.
Ете така се сторил веков.
МАРКО ЦЕПЕНКОВ