Баење со јајце од штрк

БАЕЊЕ CO ЈАЈЦЕ ОД ШТРК
Во град Битола има едни жени што бајат со од штрк јајце за секакви болести, а најповеќе за да
одвртат маж од жена, ако се мераклаисал во некода друга жена и си ја ненавидел својата.
Еве како ќе му бајат со штрковото јајце. Ќе го скршат по наполу, ќе му ја одделат жолчката од
белката и ќе ја испечат жолчката на кацијата многу, што дури да се стори како кремен; после ќе ја
истолчат во еден аван дури како прав да се стори. Тој прав ќе и го дадат на жената што ја нејќе
мажот и, за да го накрми:
ќе му зготви жената една пресна риба за вчера и со правот од штрковото јајце ќе му ја посоли без
да знае тој. Kогa ќе и го соли правот на рибата, ќе вели вака:
„Како што се тресе рибата со опашката кога да лета низ водата, така да се тресе момчето мое по
мене; и како што бега штркот од својот вилает и си иде у нас, така, Боженце мило, да бега момчето
мое од свињската ќерка што го лаже да оди кај неа".
Ако не се сврши со накрмувањето од жолчката од штрковото јајце, друго баење ќе му баат бајарките
со лушпите од јајцето. Ќе ги носат сироти невести што не си ги милуваат мажите, кај кривата
воденица и ќе им налеат вода со лушпите од јајцето, та ќе му ја натопат кошулата од мажа и и
нејзината со вака велење:
„Како што се врти колцето од воденицата, така да се сврти, Боженце златен, момчето и на оваа
невеста откај таа свињска ќерка што го лаже и го мами."
Баењето со лушпата од јајцето штрково најарно ило да сврши, работа, било за врзани, било за
мераклак што се мераклисал маж по друга жена или жена по друг маж или момче по некое девојче или
девојче по некое момче. Најарно било за Величетврток да има јајце штрково и тогај да се одело кај
кривата воденица и тамо да им забаела бајарката, така едно со едно ќе му се одврзела маѓијата и ќе
се замилуваат мажот и жената уште поарно откако што си живееле напред; таа свињска ќерка или
свињскиот син, што го лажел или го лажела, ќе нејќат да се видат со очи , до толку ќе им ја
одврати бајалката милоста што се милувале на мераклак. И во друг ден бидувало и дома да им бае
бајарката со лушпата од штрковото јајце, ама вода ќе донесат од кривата водeницa и со таа вода ќе
баела бајарка, за да одврати секаква маѓија.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org