За вапирите
ЗА ВАПИРИТЕ
Од јужната страна во Прилеп има едно маало што се вика Алавантиово маало, Ѓурово и Кај вировите.
Во тоа маало имаше еден човек што го викаа Никола Трајков Кртот.
Во 1843-4 лето Никола умре; арно ама мнозина во тоа време умрени мажи се свапируваа и жени стари
баби, што знаеја во животта си да баат и да врзуваат младоженци, се чинеа вештици и одеа по куќите
ноќе, кај што имаше мали дечиња во крошни, та им ја испивале крвта, и умирале.
Никола Т. Кртот, кога умре, се свапире и одеше по комшиите ноќе да прави триста пакоси:
камења фрлаше по куќите, со грутки и плитари, фрлаше по пенџерињата, им го гасел виделото, и
откога ќе ги заплашеше луѓето арно, ќе си легнеа и ќе се покриеја под покров од пусти страв.
Така и јас се криев под покров и ноќе без мајка ми не излегував понадвор од пусти страв што имав
навечер, кога да ми кажуваше мајка ми за вапирот Кртот, што направил онаа вечер другата и треќата.
„Мори мајко, и велев, ами ако дојде Кртот ова маало, кај нас, што ќе правиме ние после?" „Немај
страв, а чедо, ми велеше, оти не може преку река да помине и да се пренесе некако на некој товар,
у наc не му држи да влезе од песот што го имаме, чунки е со четири очи".
И откога ќе се уталожеа комшиите од вапирот, ќе им влезеше дома и ќе им ги отвореше ноќвите, та ќе
им извадеше се што ќе имаа внатре и ќе им го накладеше сред куќа и сета посатка ќе им ја собереше
на куп сред куќа.
Кај што имаше нешто добиток, ќе им го вјаваше вапирот и ќе им шеташе со него низ дворовите.
Оти откога ќе доаѓал вапирот, коњот или магарето ќе го најделе стопаните жива вода сторено.
Тоа го одаваа, чунки вапирот бил многу тежок, до триста ока имал: ако снага немал, ама му тежела
снагата од вапирот, исто како од некае сениште.
Од многу жени се прикажуваше оти вапирот, кога ги налегнувал, голема тежина усетувале во
постелата, дури им идело да пукнат; арно туку беа му го научиле марифетот, тики се куртилисувале
побрго со едно велење: во имја оца и сина и светаго духа амин, и веднаш се правел вапирот деф од
човекот што го наклапушил.
Во многу куќи во моето маало, кај што беа влажни на земи, имаше сеништа.
Се погоди и ние да седиме во една куќа таква и еднаш мене ме налегна сениште (според како што
верував тогај). Многу пати мајка ми ја налегнуваше и сакаше да вика со глас во сонот, арно ама не
можеше и ниту можеше да мрдне со прст. Едно ќе смрдаше со некој прст или од рака или од нога, и
сеништето ќе се стореше деф од неа. Откако излеговме од таа куќа, во една друта, таму веќе не ни
дојде сениште.
Никола Вапирот многу додеваше во неговото маало и голем страв претргавме во тоа време од пусти
вапири, од сеништа, дервиши и вештици; арно ама на секоја болест има и лек: имаше во тоа време
луѓе вапирџии што ги тепаа вапирите, имаше друзи што знаеја да ги одвратат вапирите од тоа маало
во друго со бајачки и кушачки. Да од тоа нешто малку имавме од вапири куртулија; оту ако немаше
такви луѓе, Господ да ни беше на помош, сите прилепчани ќе не издавеа.
Друг еден вапир се свапирил во куќите од Ангеле Џамбазот. Нему не му го знам името и не паметувам
јас, чунки има близу шеесет години, според како што ни кажуваше, Бог да го прости, Тимион
терзијата. За тој вапир беше го натерале владиката да пее параклис во куќата од свапирениот до
четирисет дни, и беше ги натерал владиката да запалат во четириесет куќи по комшии четириесет
кандила да горат четириесет вечери, ама со маслото од домаќинот кај што се свапирил вапирот.
На четириесетте дни владиката пошол во саботен ден на гробот од вапирот, та крстил вода и го
откопале гробот, таму ти го нашле умрениот отечен колку еден тапан и со устата зината како некоја
пештера, очите крвјосани асли како од вапир. Сполај му на владиката, зел од крстената вода и ја
спружил патерицата право во устата од вапирот и, полека лека, по патерица, ја турил водата во
устата од вапирот, и сполај му на Бога за чудо големо, туку веднаш се отпуштил умрениот, откај што
беше отечен како тапан, спадна и се стори како некоја штица. Од тој саат ѓоа го снемало вапирот и
се сторил невиден бист. А пак Антеле Џамбазот ми кажуваше оти од пеењето од владиката не се сотрел
вапирот, чунки по два дни откако го откопале пак му дошол дома кај него и уште поголем пакост
му правел, чунки бил налутен многу од крстената вода. Најпосле чарето беа му го нашле со отепување.
He знам колку пари беа го цениле Курта вапирџијата, за да го отепа.
Курта јас го завстасав и го знам многу арно. Toј бешe еден висок човек, та дури беше подведен
малку, во лицето беше многу бел, дури абрашнив, косата, веѓите, клепките бели како книга, очите
многу малечки, устата малку накривната. Курта кога да го видовме ние, бидејќи деца бевме, тики
страв ни беше од него, а тој дека гледаше оти сите се плашеа од него, тики се држеше многу на
големо и секого заплашуваше.
Еве како ги тепаше Курто вапирите. Во куќата, кај што имаше умрен и овапирен човек, ќе ce пазареше
за пари што ќе го стореа каил и ќе му нарачаше на домаќинот да заколат една црна кокошка;
крвта од кокошката да му ја дадат нему за да прави со неа ноќта вапирџилак (да може да го види
вапирот), месото од кокошката да го направи манџа за вечерта и една убава погача.
Курто, ќе појдеше да вечера у домаќинот кај што е вапирот, ќе го натераше домаќинот да покани и
троа гости и тапани или гајди да има. Откога ќе вечараа, Курто ќе ја земеше пушката в раце, а
гостите ќе ги натераше да се фатат едно оро, ќе удреа чалгиите да свират и луѓето ќе се разиграат
санки свадба е, оти беше било непендек за вапир, многу ќеф имал да игра на тапани. Тогај Курто со
пушката в раце ќе се стрчаше вамо-тамо, ѓоа го гледа вапирот и ќе намеруваше со пушката на вапирот
за да го убие. Откога ќе му се здодее на Курта трчајќи, ќе намереше со пушката и ќе го удри ѓоа
вапирот и ќе го пуштеше домаќинот да види дали го отепал. Кога ќе појдеше домаќинот со сите гости
да видат, ете ти го отепан, и се пифтосала крвта од вапирот, чунки немал снага, тој беше дув
нечист и затоа влегувал низ најмалечка дупка кај да сака.
И кога ќе го отшаше Курто - саде крвта ќе му останеше, а дуот нечист прав и пепел ќе се стореше.
Гробовите од вапирите имале една дупка, што си оделе во сабота во гробот да си лежат, чунки
непендек било ете вапир во сабота не одел по куќите да прави зулум. Од што ми беше мене страв, не
појдов на гробишта да видам дали е вистина да имаше дупка.
Курто вапирџијата, кога ги тепаше вапирите, еднипати ќе се фател гуша за гуша и ќе се бореше со
вапирот, да ја ќе го кутнеше вапшрот Курто, ја вапирот ќе го кутнеше Курта. Еве како беше
кутканицата.
Ако паднеше Курто на плеќи, ќе им нарачаше на луѓето брго да го креваат оти вапирот го кутнал и
може да го удави ако го налетне; а пак ако паднеше Курто ничкум, тогај го кутнал Курто вапирот и
не требаше да го креваат Курта од земи, чунки вапирот е паднат под Курта.
Курто вапирџијата бил зачнат од свапирен татко, чунки откога умрел татко му, се свапирил, и секоја
вечep си идел дома у Куртовата мајка, како кога бил жив и и носел од сите убавини дома и туку си
останала тешка за Курта. Откога станала тешка, кажала на комшиите оти од мажот, бидејќи овапирен,
останала тешка. Маалците откога се научија здраво од Куртова мајка, му пошле во еден саботен ден
на гробот и кога го откопале, беа го нашле кај си лежел внатре. Брго-брго запалија еден огон и
зовреа еден котел вода, та беа го попариле вапирот.
МАРКО ЦЕПЕНКОВ