Син шајак

СИН ШАЈАК

Пред шест-седум години, кога се готвеше жена ми Цона да иде во Софија, беше видела еден сон, како да ткаела во разбој модар шајак.
Ткаењето и излегло за пат што ќе патувала, а пак модриот шајак - живеењето во Софија не ќе и биде арно.
И вистина така се стори.
Во туѓа куќа седе со кирија, бидејќи во Прилеп си седеше во своја; син ми трга голема болест (солдатин го зедоа), и таа трга голема болест, и друго.
Ете на ошто и излезе ткаењето модар шајак на жената ми, кога беше во Прилеп и се готвеше да иде во Софија.
Често пати ми го кањара тој сон жената ми, кога не и е кешто угодно:
„Еее, знам јас оти и оваа мака ќе ја видам, пустиот сон си го видов уште не дојдена овде, кога ткаев модар шајак".

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org