Од трњето волна ќе збира, да борч да плаќа
Једен сиромав чоек му имал за давање троа пари на једен богат. Многу му сакал парите богатио на сиромаиo, арно ама сиромаио немал да му плати. Со денеска, со утре-се поминало баеги време. Врвејќи едно утро сиромаио пред богатио, го видел и го викнал да му сака парите.
- Оти не си плаќаш борџот, бре пријателе? - му рекол богатио како на лутина. Еве толкуа време кај те чекам, оти не се засрамуваш барем од малку малку да даваш и да се платиме.
- Ќе потраиш, чорбаџи, уште некој месец - му рекол- дури да изврват ќаите со овците за на виљает, да ќе остаат овците волна по трњето, и јас ќе си соберам, та ќе ја продадаам и ќе ми ти платам и натплатам, а не сега да ти даам малку, утре поеќе и до најпосле сите. Тој еѓупштилак, чорбаџи, не го праам, јас сите веднаш, ја ти биди ми жив и здрав!
Кога чу чорбаџијата тој збор од сиромаио, брбна да се смеи и да му вели, смееќи се кр, кр, кр,кр:
- Еее, пријателе, трај коњу до зелена трева! Ти ми велиш да собериш волна од трње и да ми платиш.
- Еее, смеиш, чорбаџи - му рекол сиромаио - оти ти идит арно, чунки се увери оти ќе си земиш парите.
Коа чул тој збор чорбаџијата, уште посилно се изнасмеал и го пуштил.
Марко Цепенков