РАЗЛИКАТА МЕЃУ М’ЖОТ И ЖЕНАТА
Ко и избркал госпот Адам и Ева, 'лугето и разделил со сабја, да не се спојени заједно и тије ост'нале разделени, несошијани. Им дал по две пари за да си купет конец и игла и да се сошијет. Жената ошла чаршија, се гледала по дуќаните и нашла ногу убај рабоќе. Си купила две клопчина конец и игла и ј ост'нале тро пари за помада. Та си купила помада и не зела ушче едно клопче конец. Ко ошла да се сошијат к'ј шо ги разделил госпот, не је фт'сало от конецот и ост'нала расп'рана до денеска.
М'жот за парите купил три клопчина конец и игла. Ко зел да се шијат, му прест'нале од двете клопчина ушче малу, а от третото, ост'нала само една вису'лка. Зато и денеска, тој си и носит сите работи от то шијајне на себе.
Викторија Поп Стефанија