СВЕТИ СПИРУНДИЈА (Спиро)

Биле некои, сакале некоја планина да помрнет. Се собрале народ, оделе. Овај бил крпач и тој ќе ојт со службеникот и калфата. Имале којн и м'ска и требеле да препливет и му велит:
- Оди, скорни го којнот и м'ската.
Слегвит тој и пулит - глајте пресечени. Се качил горе и му казал на мајсторот. Мајсторот рекол:
- Клај ги глајте од којнот на м'ската и обратно. И, тије станале. Кај народот сите се зачудиле.
Се м'челе за планината да је мрнет. Спиро (крпачот) ошол со фркот, је преместил планината. Граѓаните се зачудиле.
Спиро праел други чуда. Ќе је истискал герамидата и на стрна клавал вода, кал и огон и повторно је замесвел.
Спиро бил закопан во карпус. Секоја година му ставале други скорни - сигурно целотрупен шетал.
Татко ми видел оту немал скорни на денот кога го отвориле гробот.
Викторија Поп Стефанија

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org