Кој го украде сеното тој ја има мувата на капата
Некој човек си имал сено во племната. Друг му се навртел,та му го крадел. Стопанот на сеното,од ден на ден гледал,оти сеното му се намалувало и оти некој му крадел,ама на можел да разбере кој бил арамијата. Таму бил и стопанот на сеното и арамијата. Стопанот не знаел сигурно дали навистина бил тој или некој друг. Се отворил збор меѓу нив за крадењето сено и за тоа кој ќе биде тој што го крадел?За да дознае кој е арамијата,стопанот им рекол: Сега јас ќе го најдам арамијата
Тој што го украде сеното,рекол тој,си ја има мувата на капата!И навистина тој час арамијата мавнал со раката по капата за да си ја истера мувата,без да се сети оти ќе го познае.Стопанот вчасот го познал и викнал: Ете како го познав и го најдов арамијата-и го фатил за рака.