Девојчето и вампирот
Си била една мајка. Си имала две дечиња. Едното било нејно, другото било доведено. Тоа доведенто не го сакале дома никко.
И и рекол мажот и: ,,Спрема а, ја ќе а однесам на воденицта, нека а изедат вампирте."
И ваа фанала му месила кравајче от пепал, ути било туѓо. И отишла на воденицта, седнала да јаде.
Мачето: ,, Мјау, бeла Маро!" Фанала му дала.
И кучето и оно: ,,Аф, аф!" И нему му дала.
И си легнале. Кај пола ноќ дошол вампирот, тропнал на вратта и му рекла она на мачињата и на кучето: ,,Куче, маче, како да кажам?"
,,Оди, се да донесиш шо требе: облека, чејли и да дојш ќе ти отворам."
И он нурнал вамперот, нашол. Дур да најде, дур да онаде, почнала да се развидуе зорта. И петлето: ,,Кукуригу!" И вамперот дим да го нема. И ка се осамнало, кучето напред, мачето, она по ниј, отишле дома. Ка отишле дома, она дотерана убао.
,,Ам от каде волку мори бела Маро?"
,,Еми, вампeрот ми и донеси."
И ваа другата вечер а спремуе ќерката. Му месила кравајче со свиленто сито ут најубавото брашно. И го испекле, се спремала. Кучето напред, мачето, она по ниј, дур на воденицта. Ка се стемнило, почнала, седнала да јаде.
Мачето: ,,Мау!"
,,Пиш, пиш, мене мајка ми го меси, не е тебе!"
Кучето и оно така: ,,Aф, аф!"
,,Бегај бе, мене мајка ми го меси!"
И се усвиле на страна и се налутиле кучето и мачето. И кај полноќ тропнал вампирот: ,,Бела Недо, отвори!"
,,Куче, маче, како да кажам?"
,,Како да каiш? Сама јала, сама кажала."
И фанал и отворил, а фанал, а удавил. Главата у камарта, ноiсте - шкртала, цревата уколу камињот. И се осамнало. Mачето и кучето отишле да кажуат дома:
,,Аф, ау, бела Неда, главата у камарта, цревата уколу камињот, вампирот а изеди!"
,,Пиш бе, сеа ќе си дојде бела Неда!"
Ка отишла, стварно изедена е. И вампирот немало време да избега, са качил горе на грејте и ваа почнала да вика:
,,Оооо, бела Недо!"
,,Ооооооо, ако слегнам и тебе ќе те изедам!"
Каа прснала и дo тука беше.
Раскажувач:
Илија Ристов - Ило,
роден: јануари, 1927 год. во село Барово, Неготинско
место и време на раскажување: 2007 год., Неготино
запишувач: Милена Ристова