Бабата и петленцето

Си била една баба и си имала едно петленце. И сит деца оделе си купуат бонбончиња и оно сакало, а баба немала паричка да му даде.
,,На царот му а даду паричката" - рекла.
,,Дојди царот порезџијата, ми а зе паричката".
И oно отишло да прета на буњиштето и си нашло паричка и oтишло да си купе нешто.
Петлето си нашло паричка, па после царот му дошол и а зел паричката. И петленцето oтишло да му вика на царот:
,,Царе пртале, дај ми паричката, ќе ти а ебам женичката. Царе пртале, дај ми а паричката, ќе ти а ебам женичката."
И царот не бива, викал, викал он, седел, онадил. Воа вика, се му вика:
,,Царе пртале, дај ми а паричката, дај ми а паричката!"
Виа неќел да му а даде. И пчеличка сос него одела. Му а пуштил пчеличката, му го иштипала газот сет на царот . Каа вишол ногу пчели, ка му го штипат газот, отишол и рекол:
,,Жено дека се тиа паарте, оѓин да го изгоре и петле, газот ми отечи виќе от шо ме изедоа пчелте. Истури една торба пари таму, нека си ја најде паричката."
И си дошло петлето, си претало, си зимало парички, се нагатало парички ногу и се смирило. Виќе го напанило меот пари пан, си дошло и рекло:
,,Бабо, бабо, постели едно ќилимче да ти серам пари."

,,Eее, от каде бре сине?"
,,Tи постели и врзи ме за тоа, за греата и ја ќе серам пари, ќе ме одариш и ја ќе серам пари."
И воа срало пари. Удари го, трт пари, трт пари. Ногу пари истрало. Отишле да го мерат, паарте да и мерат. Петленцето сакало кантарче да и мерат паарте. Арно ама тиа шо му го дале кантарчето залепиле нешто оздола, лепак, да видиме шо ќе мере петленцето сеа и бабата. И рекло:
,,Дајте ми кантарче!"
И они му го дале, ама налепале таквоа и каа и мериле оздола, не го виделе кантарчето ути има налепано пара, му го однеле на тиа. И дошле, си го зеле кантарчето и рекле:
,,Oт каде тиа пари, от каде, от каде, та от каде?"
Oна рекла: ,,Петленцето ми и настра."
,,Е како ти и настра?"
,,Врјсте го и ви вашто и вашто ќе ви се исере пари. Накавите го убаво! Го накаваме убаво ние и пари почна да сере" – бабата рекла.
Она излагала и виа го накавале убаво петлето. Го накавале и го врзале. Удари го, трт крушници. Удари го, трт гомна. Одари го, трт гомна и сето ќилимче му го испострало. Нима пари, нима ништо.
E тоа било.
И отишле, па, да го карат петлето ли, бабата како било тамо:
,,Зош не излагате?"
,,Eми шо ве излагаме није, така беше. Jа го нарани и отиди ми донеси пари. Сеа вашто оти не ви донело пари, ја не знам."

Раскажувач:
Милица Ристова – Мила
родена: октомври, 1931 год. во село Крњево, Кавадаречко
место и време на раскажување: 2007 год., Неготино
запишувач: Милена Ристова

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org