Таласами
He само вапири и вештици имало некогаш, ами друзи страшни видувачки.
Еве какви нешта видел татко ми, Бог да ми го прости.
Кога бил во млади години, патувал една ноќ и му бил патот да помине на едно место кајшто имало луѓе отепани и закопани од арамии.
Тоа место било таласамлија, не беше чаре човек што ќе поминел таму ноќе да не налета од таласамите.
Кога приближал татко ми тамо, му текнало оти ќе врви на тоа место.
Ако беше му текнало одвечер, не ќе кинисуваше за ноќта да врви тамо; арно ама беше дошол на, местото, тики не беше ни да се врати, ни да оди.
Ајде, си рекол, на име Боже, и ги понатресол чивте пиштоли, та беше го разлутил коњот уште од далеку и дошол на местото кај гробиштата.
Во еден темен дол, кај што требало на едно место да се врви, и туку беше му го препречиле патот два вола многу големи, со едни рогови колку еден стажен, очи беа одвртеле како некои ѕверови.
Застанал коњот пред воловите, бре терај коњ нејќе да оди, фрчи и назад се враќал и полека лека воловите фатиле да одат кај него.
Друго чаре немало, ами ги тргнал пиштолите, во нив, та што сака нека биде, си рекол со умот.
Туку откога пукнал со пиштолите на воловите, веднаш загинале – и наизлегле 'ртки илје и милје, та кога се раскакале преку него, пред него, зад него, како некои стрели.
Уште малку ако 6eшe стојал, очите со нокти ќе беа му ги изваделе, Гоопод да чува и да брани.
Арно ама беше го пуштил коњот на дизгин и откога откачил од местото и потроа потроа невиден бист се сторија.
За уверување беше било што обата гиштола беа им се искршиле цевките, да од тоа требало да се таласами.
"Mope да беше ми текнало, бре синко, да бев го рекол во имја отца и сина, веднаш ќе се стореа прав и пепел, ама на стравот згора не ми текна", ми велеше.
МАРКО ЦЕПЕНКОВ