Итар Петар оди од кај умрените!
Дошол Итар Петар од Маријово во Прилеп и зел да оди по сокаци.
Оди и вика: "Јаз идам од кај умрените, бре, е-е-еј!" Излегла една Анка и го праша: "Од кај диш?' Тој и рекол: "Јаз идам од кај умрените!" Таја му рекла: "Да ли го знај'ш Авмед наш? — "Арно го знај'м: Авмед је на голем завмет, на многу голема работа, ама за пари страда!" Тогај Анка зеде едно ќесе со вранги, му го даде и рече: "На ти 'вија пари, да му дајиш на Авмеда и да му речиш: ""Многу здруживо имаш од мајка ти Анка и татка ти Расима!""
Отуа тој си ошол. Си дошол агата, татко му на Авмеда, дома. И Анка, радосна, му кажува на агата: "Аго, денеска помина Итар Петар. Идеше од кај умрените и викаше по сокаци: ""Јаз идам од кај умрените."" И јаз го прашав за Авмеда наш: како поминује тамо кај умрените? А тој ми рече, как' је Авмед наш бил на голем завмет, ама за пари страдал! И јаз му дадов пари, едно ќece вранги." — "А, мори, будало! Од кај умрените бидува ли човек да иди? Брго да го извајиш којно од пондила; дај ми ја пушката и сабјата, да одам, да го встасам!"
Итар Петар о'шол кај еден воденичар, се пулил надзад, кај шчо ќе го встаса агата, и му вели на воденичаро: "Го гледаш оној агана шчо иди на којно со пушката и со сабјата? Теб' те бара, ќе те отепа!" — "Шчо да правам, кај да се кријам ?" — "Качи се горе на тополана; кога ќe дојди агана, јаз ќe му речам: "Неје туа воденичаро"". Воденичаро се качил брго на тополата и се скрил, а Итар Петар се избрбешкал во брашното, се сторил воденичаро! Дошол агата и го праша Итар Петре: "А, бре, воденичар, да ли го виде Итар Петар кај отиде?" А тој му кажува: "Го видов, еј, ене го онамо замина," и со прсто покажува на тополата, кај шчо бил воденичаро скријен. Се опулил агата угоре во тополата: "Ах', рече, "ене го горе ! Зел агата да слези од којно, го врзал којно, собул чизмите, сметнал капата, оставил и пушката и сабјата, и зел да се качува на тополата. Дури се качил Турчино до полу на тополата, Итар Петар обул чизмите, запнал сабјата за појас, кла'л капата на глава, зел пушката на рамо, јавнал којно брго и летнал да бега! Отуа побегнал малку место и викал: Јаз сум Итар Петар, тој што оди од кај умрените, тој горе на тополата је воденичаро!" — "А, бре, ќерата, пезевенк! Тој каурин и мене ме излага!"
Отуа си дошол агата дома. Го праша Анка: "Аго, шчо напраји? Камо ти го којно?" А тој и рекол: "Ами, јаз му дадов на Итар Петре и којно, и сабјата, и пушката, и чизмите, и капата! Ко' је Авмед наш на толку голем завмет на оној свет, нека му го, му требе од се нешчо да има!" И тако а излагал жена си. Обајица останале излагани!