Малото змиче и сиромашнио човек
Еден сирома човек си пошол у планина да најде јадење за жена му и петте деца оти немале шо да јадат. По пат сретнал некое змиче малечко и сакал да го утепа за да имат шо да јадат. Змичето почнало да го моле да не го утепа оти мајка му била кралица на змиите и ќе му дала могу злато. Рекло му да иде у пештерата на мајка му и да каже шо како е, за да го награде она. Арно ама, човеко не му поверувал дека ќе му даде пари оти не го знае. Тогај змичето му дало еден љиљаков камен и му рекло да го ставе под јазико и да оде. К'т ќе стаса там да не зборе со никоја змија освен со кралицата и да не го плука камено. Човеко го послушал и отишол кај кралицата. Она го прашала зашо дошол и овај почнал да и објаснува ама она не му верувала. Тогај човеко и покажал камено и она и текнало шо е работа, дека малото змиче го пратило човеко. Кралицата му дала злато, пари и јадење доволно за цел живот и за него и за неговите деца...