Чумата

Пред да имало чума на земјава, си бил еден цар на една земја кај што било се лето, преку девет мориња. Тој цар бил најпоганиот на векот, триста лошотии праел на рајата своја: од што ќе му текнело, тоа ќе сторел. Најголемото зло што го имал, било што која жена да видел, се ќе ја обесчестел; дури за стармота је чоек да кажит како 'и бесчестуал.
Имало една сиромашка жена една ќерка; како жената, така и ќерката биле много шредаени на Бога. Еден ден ја видел царот жената кај си одела в црква, заедно со ќерка си, и пратил луѓе да му ја донесат девојката од сиромашката жена при него за да ја всили; отишле луѓето царцки и ја зеле девојката од сиромашката жена, та му ја донесле при царот. Едно ја донесле при царот и повтил да ја всилуат, арно ама девојчето, бидејќи било од мерата надвор 'рзелија, никако не му се предавало; откоа видел бесчеснио цар оти девојчето умирало, и не се предавало, го предал на големи маки да го мачат, дури да го кандисаат да си предаит на царцкото сакање или да умри. Најпосле беше умрело од маки и не беше се предало. Арно туку проклетио цар, откоа беше умрело девојчето, беше го всилил, шу на неговото да му биди, и го затворил девојчето умрено во некој подрум, лунки во тие саати беше му се отворил еден бој од некој друг цар и собрал војската што ја имал сета – та отрчал тамо да се тепа и да го ваќа другио цар. Арно ама од лошотијата негоа ич Господ не му помогна, ами војската сета беше му се истепала и полујната од земјата беше му ја зеле. На деветте месеци се вратил на столнината, застрамен како никој нигде. При се што толку зло беше го нашло, пак од лошотиите не се остаал. Од негоиот лошотилак беше се опојале полојната од рајата негоа.
Беше му текнало еден ден за девојчето што го всилил умрено и беше го затворил во подрумот да појди за да го видит. Влегол во подрумот, и коа го гледат девојчето, - ич нерасипано, си лежало спружено како да спие; само во срцето било подуено, и нешто како живо је мрднуало. Позастанал да гледат што ќе и бидит на девојчето во срцето што је мрдат, и најпосле од што ја пизмел, ја удрил со клоца што да можи по срцето, и веднаш беше се родила чумата од девојката умрена и беше застанала на нозе просто и му рекла на царот:
- Од поган татко сум се зачнала и од умрена мајка родена, затоа кого ќе видам , ќе го испоганам кај скришните места и ќе го умрам. Тебе те видов за прв пат, татко, и тебе ќе те испоганам за веднаш да умриш, за што си сторил – да најдиш!
Тоа прогоорила чумата и беше го испоганила царот, татка је, та на часот беше умрел.
Откоа го отепала татка је, си излегла од подрумо и кого ќе видела пред себе, се ќе испоганела и ќе го удрела, та ќе го умрела. Во тоа време ја гледале чумата јавно и дури ја научија, ич од пред неа не је се истаале, тики со лесно си 'и тепала луѓето. Тепала, тепала, дури сите погани луѓе 'и истепала и, откоа беше останале чесните, си преиш ла во друга земја и тамо потепала. Зер така било повела Божја што ја прошетала сета земја и виела чумата луѓе: мажи и жени на ден по многу стотници, дури и илјадници, за да викаат луѓето:
- Себап онан Бог-џанана, на тој што се стори себап и се роди чумата!
Ете што рекле стари: еден чини, илјада тегнат.
Во времето тогашно коа беше биела силно чумата,дури му стоеле пред неа луѓето, стоеле; откоа беа виделе оти сите ќе 'и сотрит, трештиле да бегаат: по планиње, по долиње, за да се кријат од неа, арно ама чумата и тамо и наоѓавала лошите и избивала. Се преправала на жена, на мачка, на јаре и друго.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org