Вапир

Собрале се моми уф една воденица. Та била воденичарка една стара баба. Тија била јако сирумашка. Една мома донесла мас, една дрва, една тепција, една вршник, една брашно, една сирене, та си наприли шупла да вечераа. Таман ја испекли току се почукало на вратата. Помислили ке е момче. Па одеро на бабицата бил на магарици. Бабицата току тргнала тепцијата под одеро та отворила. Ага видела, ага не е момче ми е вапер. Момите прели, прели па тој туку реркал: "Ајдате да вечераме моми!" Па та рекла: "Ајда ма нема шчо". Та тој рекал: "Јас ке ви донеса вечере."
Отишел да донесе. В гробишчата имало закопан човек през дене. Ископал го та го одвел кату ка си е облечен да го изеда. И тија току излазал де тој запретали в пепел огине, та си легнали. Таја се тајали, не отворали. Па петлите попали. И тој току воправил човеко до вратата та се стопил. Таја станала ф утрината отворили вратата туку пухнал умрал човек ф одајата. Изплашили се фного, та накои од страх умрали.
Од зборникот на браќата Молерови.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org