Дедо Нојо ја изнашол лозата
Дедо Нојо, кога ја изнашол лозата, со прво пресекол прачки и насадил лозје. Прачките кога и засадуал в земи, му турил крв наместо вода и затоа виното било црвено. Крвта била од јагне, од 'рслан и од свиња. Кога ја турал крвта, вака блаосоил:
- Кој ќа пиет од виното, што ќе го родит лозјево, потроа, ќе бидит кроток и весел, како рудо јагне; кој ќа пиет поеќе, да бидит како звер ('рслан) јунак и страшен; а којќе пиет од мерата надвор за да препиет, да паѓа по земи и да се валка, како свиња во тиња, со него сиот свет да се шегуа.