Стија во Кокрчко езеро
Имало некој пат во Маријово некоје езеро на Кокрчки рид. Тоа езеро истича и сеа на Извор кај Гуѓаково, ама је затнато. Во тоа време имало једен татко, бил валавичар на Извор, а син му бил чобан кај Власи на Кокрчки Рид. Тој син зел једин брав, заклал го, врлил го во езеро, и тој брав ишол на негов татко кај Гуѓаково И оније Власи виделе оти тако прави, убиле го, врлиле го во езеро, и тој син излегол на Извор кај татка му во Гуѓаково.
Тије Власи имале једно дете и го пуштиле да му леје вода. Кога дошло на вода кај езеро, излегла стија од езеро. Стија била со четири нози и дванајсе глави, голем воден ѕвер со долги косми и со коњски очи. И тога појала она детето. Власи виделе оти му појала стија детето, остригле се овците, натрупале дрвја во езеро, натрупале ја и волна, и го затнале езеро. И од тоа време езерото не се гледа, а истича и сега на Извор кај Гуѓаково.