Рајско мест
Кога починал Свети Наум, излегол пред Господа. Поради големото добротворство што го правел Свети Наум на земјата Господ го одредил да биде во вечен рај. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што да одговара за Свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир велејќи му: "Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш". Ете зошто Свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското езеро. На местото на денешниот манастир некогаш биле царски дворци кај што сега се наоѓа манастирот Свети Наум, тука некогаш биле царски дворци, а Свети Наум почнал малку подолу, над селото тушемишта, помалку од еден час далеку, да гради црква и изградил веќе четири ѕида, те и сега таму се познаваат. Царот кој живеел во тие дворци, имал болна ќерка која кој не ја лекувал, па најпосле го повилак Св. Наум и му ветил дека ќе му даде се што ќе посака, само ако му ја излекува ќерката. Свети Наум ја излекувал со молитви кон Бога, па не побарал ниту богатство ниту друг имот туку она место каде што се царските дворци. Царот како што рече, му го даде и тој тука го изградил својот манастир.