За Ристоса
За Ристоса
Некој овчар не знајл ништо ни за Велигден ни за Ристоса. Ни зошто се слави ни ништо. Запрашал
некого: "Што е ова што идат олку луѓе в црквава?" Тие му рекле:
"Денеска е Велигден, го распнале Ристоса Евреите."
"Како го распнале, и зошто?" - прашал тој, офчарот.
"Ете така, го предал Јуда Скариоцки и Евреите го распнале на крс. Го закојле со шајки на ноѕете и
на рацете."
Офчарот прашал: "Ами бил женет или не бил?"
Луѓето рекле: "Не бил женет".
"Уф, рекол офчарот. Што им требало да го распињат. Требало да го оженат па да му дајт Госпот
дечиња појќе, пак вака за празник, ко ќе дојдат, ко за Велигден, да му побарат сите по нешто да им
купит: некое опинчиња, некое скутничиња, каврачиња, фустанчиња и то толку. Готоф е. Распнат
Ристос".
Така се сметало порано. Ќе те распнат децата, ко ќе велат старине. Што ќе ти шајки тука, шајки
поголеми здравје!.