Како прајле крштефка
Како прајле крштефка
За крштефка, да ти кажа, си е канеле фамилијата и мајката не ојт на крштефка. И одат ф цркфа и
до шес недели било крштевањето. Никако после шес недели. Исус Христос е роден на Божиќ,
Рождение на Исус и тие не го крстиле, зато после е крстен. Крштевањето било на Јордан, на
реката, тогај го крстиле на Водици. И сега ќе дојдат ф црква цела фамилија ќе даат ручек и
цела фамилија ќе е држат и името немат ти како сакаш, како ќе си кажет кумот. Кумот! Како ќе
си речет кумот така. Е-е дарувале цела фамилија. Кумот носел основни работи за бебето: платно
бело, свеќи и во то платно тој не го бришет попон ко ќе го капет и му го дават на кумот во
платното. И во платното морат да преспијат детево. Водено, водено. Без разлика. Во платното,
голо. Во платното от кумот завиткано и со него морат да преспијет па после... Ручек обавезно
дома. Дар на кумот и на другите, на сите. Сите што се присутни. Не само кумот. И кумот што ќе
речет име, не ко сега.