Трите дена на старите
Трите дена на старите
Излезе марта, влезе април и ајде бабата горе на Галичица во овците кај "Пија Вода" и му рече:
Пасете овци, пасете и посерете му се на Марта во брадата!
Тога марта му рече на априла:
-Априле лиле, мој побратиме, дај ми три дена и три ношја да а замрзна бабата со се овците.
И му даде април три дена и три ношја и марта а замрзна бабата со се овци. И ден денеска се познаве
камењата на "Пија Вода". Се познаше и местото, арно ама го расипа војната за вода. Извава вода и
го расипа местото.