За јудите, самовилите и виулиците
За јудите, самовилите и виулиците
У нас шчо нешчо се јудите, не знајеет. Само во устите на старите жени понекогаш се слушат речта:
Јуда и Клада. Така за некоја голема и снажна жена велеет: Како некоја јуда или клада.
А за самовилите вервеет да се некакви женски невидими духои со врхчоечески сили, некакви божества.
За ними кажвеет оту ношјо, во глуо доба, свиреле секакви свирби, играле оро, хем се м'чеет некои
да докажеет оти сами со своите уши и слушале.
Така и виулиците биле божества на ветроите. И тије ношја свиреле. Кога да свирит некоја ветрушка
велеет: се терале самовилите или виулиците.