Стија

Стија

Според верувањата во Скопје, стијата ја игра улогата на грчката митолошка сирена (сирина), само
што не пее секогаш, како што се верувало за последниве.

Стијата е еден вид жена со многу долги коси и таа живее во длабочините на неподвижни води при
некои канари и оддалечено место, каде луѓето многу-многу не одат. Кога некој се капи во таква
вода, стијата може да уплете косите си околу телото и особено околу нозете му и да го удави. Та
затоа и луѓето од Скопје се пазат да се капат во реката Вардар, каде има вир или водата стои, се
разбира зашто. (Истото верување за стијата постои и во Охрид и во Струга, а во овој последен град
има и изрека што се употребува во вид на клетва од страна на жените, т.е. Стија те стијосала.

Во Скопје, над калето, далеку од градот половина час, има едно место на р. Вардар што се вика
Вражиј вир. Се верува дека таму има стија. А не може ли секој да разбере какво е местото таму од
името Вражиј вир?

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org