Баење за уроци

Мрваците мислат дека има луѓе со лоши очи, кои кога ќе погледнат на нешто убаво, било да е тоа да е човек или животно, и да го пофалат или во себе нешто му посакаат, тоа се урочува, т.е. се поболува и ако не му се бае, умира.
Катја Божикова од Крчово ми кажа дека за уроци се бае вака: земаат јајце во раката и велат:
Ако е от чолак,
ако е от црни очи,
да излезе прос прсте,
да излезе прос нохте,
да се размие, да се размине,
да му олекне да оздравее,
да се избисри като бисра вода,
да се исчисти като бисро сребро.
Ако е от в’нкашно,
да се разнесе по пусти гори,
по пусти планини,
к’де људе нема,
к’де пиле нема –
там да са разносе,
да му улекне, да са очисти,
да стане като чисто сребро.
Кога ќе заврши баењето ќе го однесат на некоја раскрсница и тамо ќе го остават.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org