Виртуелен истражувач за македонска книжевност
Упатства за користење
Отвори го асистентот овде и почни да истражуваш.
- Овој македонски книжевен асистент е едноставна алатка за пребарување и истражување на текстови со вештачка интелигенција, базирана на документи, со кориснички интерфејс целосно на македонски јазик.
- Прикачи и истражувај свои текстови или избери текстови од овде. Текстовите треба да бидат во TXT формат.
- Преземи ги текстовите во свој директориум и оттаму прикачи ги со копчето „+ Додај извор“.
- Ако прикачиш неколку текстови, не заборавај да го штиклираш текстот или текстовите што сакаш да ги истражуваш.
- Со виртуелниот асистент можеш да комуницираш на македонски или на англиски јазик. Одговорите ќе бидат на соодветниот јазик.
- За да добиеш добар одговор, прашањата (промптовите) треба да бидат прецизни. Во спротивно, асистентот нема да може да ти одговори.
- Кликни на копчето со микрофон ако сакаш да ги поставиш прашањата со глас. Потоа кликни на копчето "Allow while visiting this site" за да дозволиш упореба на микрофонот на твојот уред.
- Одговорот можеш да го слушнеш со кликнување на копчето „Слушај“ или да го преземеш текстот со кликнување на копчето „Копирај“.
- За компаративна анализа и истражување можеш да прикачиш неколку текстови.
- Овој виртуелен асистент препознава и граматички збороформи. На пример, можеш да прашаш со кои придавки е опишана некоја личност во некое дело.
- Ако сакаш да започнеш истражување со нови текстови, секој текст во изворот на фајлови може да се избрише. Со курсорот помини над називот на текстот и кликни на опцијата „Избриши“.
- Списокот на достапни текстови од македонската книжевност за овој истражувач ќе биде редовно ажуриран. Контактирај ме ако имаш текст за споделување.
- Прегледај промтови за истражување книжевни текстови.