Македонски книжевен конкорданс
Отвори ја апликацијата овде и почни да креираш конкорданси.
- Овој македонски книжевен конкорданс е едноставна апликација за креирање конкорданси, пребарување и истражување на текстови со вештачка интелигенција со кориснички интерфејс целосно на македонски јазик.
- Прикачи текст, креирај конкорданс и истражувај свои текстови. Текстот може да биде во PDF, DOCX или TXT формат.
- Штом ќе го прикачиш текстот апликацијата веднаш креира индекс на зборовите со фреквентност и по азбучен редослед.
- Кликни на копчето Преземи за да го преземеш индексот во TXT формат.
- Кликни на бараниот збор од Индексот за да ги добиеш сите локации на зборот во текстот во контекст од околу 15 зборови лево и десно од зборот.
- Кликни на копчето Копирај (горе, десниот агол) за да го копираш резултатот.
- Во полето ФРАЗА се пребаруваат зборови. Овде може да се пребаруваат цели зборови или со џокери. Примери:
- Совпаѓање по наставка: пиши *ски за да ги пронајдеш сите зборови што завршуваат на „ски“ (на пр., македонски, историски).
- Совпаѓање по префикс: пиши анализ* за да ги пронајдеш сите зборови што започнуваат со „анализ“ (на пр., анализирање, анализа).
- Совпаѓање по подниза: пиши *на* за да ги пронајдеш зборовите што ја содржат „на“ (на пр., наука, знаење).
- Полињата БЛИЗИНА се за пребарување на два збора во близина. Растојанието меѓу двата збора е по твој избор. И овде зборовите може да се комбинираат со џокери. Можете да ги комбинирате, како на пример, прв збор голем втор збор *ски, што ќе одговара на фрази како „голем македонски“ или „голем историски“.