Browse Items (383 total)

Шуица. Средновековна црква и некропола. На растојание од околу 3 km југоисточно од селото се наоѓаат урнатини од мала црквичка и околу неа гробови со конструкции од камени плочи. Според темелот на северниот ѕид, кој јасно се оцртува, должината на…

Чешино. Населба од доцноантичкото време. Источно од селото, во подножјето на високиот Гричи Рид, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти ѕидани од кршен камен и кал, камења за рачно мелење, а по површината на нивите се…

Четкарица. Населба од доцноантичкото време. На 1,5 km северозападно од селото по површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал.

Црквата Успение на Св. Богородица се наоѓа над денешното село Долно Дупени, во просторот кој помеѓу мештаните е познат како Горно Село. До светилиштето се доаѓа со пешачење по земјениот шумски пат, во времетраење од околу 30 – 40 минути, почнувајќи…

Се вбројува во редот на помалите трикорабни храмови какви што се најмногу се граделе во 19 век. Според сочуваниот натпис, врежан врз еден камен од јужниот ѕид, објектот е изграден во 1865 година. Подоцна кон втората четвртина на 20 век, изгледа дека…

Умишта. Населба од римското време. На 1 km југо-западно од селото, на блага падина која се спушта кон полето, во нивата на Панде Котевски, при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти, а по површината на нивата се среќаваат фрагменти…

Тумба. Населба од доцноантичкото време. На тромеѓата на селата Лавци, Прељубје и Дрмени, на мала височинка со зарамнето плато, во нивата на Сандре 3., при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти. По површината се среќаваат фрагменти…
Output Formats

atom, csv, dc-rdf, dcmes-xml, json, omeka-xml, rss2