Успение на Св. Богородица, Долно Дупени

Title

Успение на Св. Богородица, Долно Дупени

Description

Црквата Успение на Св. Богородица се наоѓа над денешното село Долно Дупени, во просторот кој помеѓу мештаните е познат како Горно Село. До светилиштето се доаѓа со пешачење по земјениот шумски пат, во времетраење од околу 30 – 40 минути, почнувајќи од денешната местоположба на селото.
Црквата посветена на св. Богородица, како храмова слава го чествува 28 август, денот на Успението на св. Богородица. Изградена е на почетокот на 20 век и претставува пример за црковното градителство, сликарство и дрвена резба од периодот пред речиси сто години. Градбата има трилисна или крстовидна форма, со калоти на јужната, северната и источната страна. Најгоре доминира куполата поставена на осумстран тамбур со четири отвори за прозорци. Влезовите кон црквата се распоредени на западната и северната фасада а од северната страна кон исток постои и директен влез во олтарниот простор. Внатрешноста на градбата делува доста пространо. Иконостасот изведен во резба, со отвори за два реда на икони, подигнат е од нивото на наосот со три скалила. Внимание привлекуваат и амвонот или певницата како и владичиниот трон, сите декорорани со дрвена резба. Резбаниот инвентар, според сочуваните натписи, е дело на браќата Нестор и Лазар Алексиеви од с. Осој – Дебарско. Работите ги завршиле ви текот на 1908 и 1909 год. Од присутните мотиви на резбаната декорацијата, доминира флоралната стилизирана орнаментика.
Сликаните икони на иконостасот се исто така работени во 1909 година и се дела на браќата Крсте и Коста Николови од с. Лазарополе. Нивни се и големите икони сместени на ѕидовите, јужно и северно од иконостасот, како и иконите на Исус Христос и евангелистите на певницата.
Во црквата се наоѓаат и неколку постари икони, кои зборуваат за постарата историја
на овој храм.

Type

храм

Spatial Coverage

Долно Дупени

Date Created

20 век

Citation

“Успение на Св. Богородица, Долно Дупени,” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/384.

Social Bookmarking